8 знаци дека сигурно ќе го дочекате вашиот 100-ти родендени живи и здрави

8 знаци дека сигурно ќе го дочекате вашиот 100-ти роденден

Троцифрениот број години и живеењето на оваа планета е еден цел век, достигнување со кое може да се пофали само одредена група луѓе. Животниот век на луѓето многу се промени со текот на годините, особено во последниот век. Според податоците, просечниот животен век во 1900 година, бил 50 години. Денес, просечниот животен век е 76 години за мажите, а 81 за жените. Затоа, не е чудно некој да ја доживее својата 100-та година, благодарение на медицинската технологија и општо подобрениот квалитет на живот. Како може да дознаете дали ќе живеете 100 години? Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа.

1. Мислите дека сте помлади одошто сте

1-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Велат дека годините се само број и во оваа изрека има многу вистина. Како што стареете, поважно е колку старо се чувствувате, а не колку всушност сте стари. Ако ви го постават прашањето „Колку години имате?“, а вие сакате да кажете помал број од вашите вистински години, тоа е добар знак дека ќе живеете многу долго. Студијата на Универзитетот во Лондон, покажала дека постарите граѓани кои изјавиле дека се чувствуваат помладо одошто навистина се, имале значајно помала стапка на смрт од оние кои се чувствувале како да се на свои години или постаро.

2. Сакате да спиете

2-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Дремките се една од работите за кои поголемиот дел од нас би сакале да имаат време. Таа може да има бројни здравствени користи, па би вредело да издвоите време за неа. Научниците од Харвард ги проучувале жителите од еден мал грчки остров Икарија, бидејќи има голема популација на луѓе кои доживеале 100 години. Откриле дека попладневната дремка, која е дел од нивната култура, е клучот за долгиот живот. Всушност, истражувачите откриле дека луѓето кои имаат дремки од 30 минути во текот на денот, имаат за 37% помали шанси да умрат од срцеви заболувања во однос на оние кои не ги практикуваат.

3. Оптимист сте

3-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Долгиот живот подеднакво зависи и од тоа што се случува во вашата глава, како и во вашето тело. Студијата од Харвард открила дека 25% од оптимистичните учесници во студиите, биле под многу помал ризик од вообичаени причини за смрт како што се рак, срцеви болести и мозочен удар.

4. Јадете овошје и зеленчук

4-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Сигурно не слушате по прв пат колку е важно да јадете овошје и зеленчук, но навистина постојат докази дека тоа влијае врз должината на животот. Студијата од еден колеџ во Лондон, покажала дека консумирањето 10 порции овошје и зеленчук во текот на денот, може да спречи 1,8 милиони рани смртни случаи ширум светот. Ако 10 порции ви звучат многу, 5 би биле совршен почеток.

5. Јадете многу риба

5-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Некои луѓе не сакаат морска храна, но студиите покажале дека оние кои консумираат живеат многу подолго благодарение на омега-3 масните киселини. Студијата која траела над 16 години, покажала дека учесниците кои имале високо ниво на масни киселини заради консумирањето риба, имале за 35% помал ризик од срцеви болести заради помалата маснотија во нивната крв.

6. Активни сте

6-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Секако, можеби не сте во форма како кога сте биле млади, но тоа не значи дека не треба да бидете активни. Дури и умереното вежбање има огромно значење за здравјето. Научниците велат дека и 10 минути вежбање дневно го продолжува животот за 1,8 години.

7. Витки сте каде што е важно

7-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Одржувањето на линијата станува сѐ потешко како што старееме. Никој не треба да се тера со сила да има фигура како во дваесеттите, но она што е важно е обемот на струкот за кој научниците докажале дека има врска со здравјето на срцето. Вашето здравје може да биде под ризик ако вашиот обем е поголем од 80 сантиметри кај жените и 93 сантиметри кај мажите.

8. Имате многу здрави пријатели

8-8-znaci-deka-sigurno-kje-go-dochekate-vashiot-100-ti-rodendeni-zhivi-i-zdravi-www.kafepauza.mk_

Дел од уживањата во животот е делењето со другите луѓе. Секако, некои луѓе повеќе сакаат социјални интеракции од некои други, но студиите покажале дека социјалните луѓе живеат подолго. Луѓето кои минуваат време со други луѓе и ги негуваат односите, имаат подолги и поздрави животи. Уште подобро, со годините и зрелоста, тие односи стануваат полесни за одржување и позначајни.

Ви предлагаме да го погледнете овој интересен тест на здравјето, односно откријте ја биолошката старост на вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар