8 знаци дека под итно ви е потребна промена во вашиот живот
Идејата за промена може да биде застрашувачка, особено ако е голема. Меѓутоа, промената може да биде и неверојатно возбудлива и да ви овозможи да го искористите целосно својот потенцијал. Прашањето е, како се чувствувате во однос на вашиот живот? Мислите ли дека ви е потребна промена? Прочитајте ги следниве 8 знаци кои кажуваат дека ви е итно потребна промена.
1. Немате чувство на цел
Различни луѓе ја наоѓаат смислата на животот во различни работи. На пример, можеби имате сестра на која семејството ѝ е на прво место, додека пак на некои ваши пријатели највисоко рангирана им е кариерата. Има ли нешто во вашиот живот што ве исполнува? Ако не, треба да размислите кои се работите што навистина ве усреќуваат и да го промените животот со цел да ги постигнете.
2. Рамнодушни сте
Ако се чувствувате целосно рамнодушни, најверојатно ви е потребна радикална промена, но неретко може да биде знак и само на моментно незадоволство. Доколку подолго време не се чувствувате среќни или инспирирани, запрашајте се зошто е тоа така. Овој процес ќе ви помогне да ги идентификувате причините за рамнодушноста.
3. Имате ниска самодоверба
Кога живеете со цел и добро се однесувате кон себеси, вашето самопочитување расте. Но, од друга страна, доколку од ден во ден се чувствувате сѐ повеќе бесцелни, вашата самодоверба ќе почне да ви се намалува и ќе помислите дека не вредите. Можеби ќе се прашувате дали воопшто ги заслужувате подобрувањата кои ги посакувате…
4. Љубоморни сте
Многу е непријатно да чувствувате органска завист, но тоа е исто така и знак на предупредување од организмот дека нешто не е во ред со моменталната ситуација во вашиот живот. Што го предизвикува тоа чувство на завист? Дали се тоа среќни парови кои вас ви праќаат порака дека го имаат она што вие го немате? Или е тоа слободата што ја уживаат другите луѓе, додека вие се чувствувате заробени во вашите обврски? Наместо да ја потиснувате, можете многу да научите од вашата љубомора.
5. Се смирувате на нездрав начин
Сите имаме свои методи на опуштање, но доколку се движите кон дрога и алкохол за да избегате од сопствената ситуација или за да ги неутрализирате неудобните чувства, тогаш, сигурно е дека е време за промена. Размислете за тоа што точно се обидувате да потиснете и запрашајте се што треба да смените за да немате веќе потреба од такви потиснувања.
6. Ве депримираат ситници
Кога сте задоволни од вашиот живот, мал застој и незадоволство се појавува на вашиот радар. Но, кога сте постојано незадоволни, овој мал застој и незадоволство веднаш ве огорчуваат. Доколку сте забележале дека вакви ситници длабоко ве вознемируваат, тогаш треба да застанете и да размислите дали е време за темелна промена.
7. Немате енергија
Доколку секое утро се будите со чувство на умор, а вашите лекари ве убедуваат дека не постои здравствен проблем зад него, можеби сте само исцрпени бидејќи трошите енергија на работи кои не се толку важни. Кога последен пат се чувствувавте силни и живи? Што правевте тогаш? Одговорите на овие прашања се витални знаци за какви промени ви се потребни во животот.
8. Се прашувате „Дали е ова тоа?“
Се прашувате, дали е ова тоа што животот ви го нуди? Одговорот е, само ако вие тоа го сакате. Бидејќи ако сте спремни доволно напорно да работите за да го промените својот живот и начинот на којшто размислувате, тоа и ќе се случи.