8 знаци дека е време да го смените работното место

8 знаци дека е време да го смените работното место

Понекогаш животот може да изгледа одлично на хартија, но реалноста да е сосема поинаква. Можеби дури и да ја постигнете позицијата која долго време сте ја посакувале, да имате голема плата и светла кариера пред вас, сепак да се чувствувате како нешто да не е во ред. Како едноставно да ви е потребна некаква промена. Погледнете ги наредниве знаци на опасност кои укажуваат дека можеби е време да го смените работното место…

8-znaci-deka-e-vreme-da-go-smenite-rabotnoto-mesto-kafepauza.mk

1. Не можете да живеете без кофеин – Кафето е единственото нешто што ве одржува будни во текот на целиот ден. Кога не сте во можност да ја земете вашата дневна доза на кофеин, не можете на ништо друго да мислите.

2. Опседнати сте со мејлот – Последното нешто што го правите пред да си легнете и првото нешто што го правите кога ќе ги отворите очите е проверувањето на вашиот мејл. Доколку не го сторите тоа, ве обзема необјасниво и силно чувство дека нешто важно ќе пропуштите.

3. Опуштањето со пијачки после работа е задолжително – По испраќањето на вашиот последен мејл за денот, се упатувате во вашето омилено кафуле на 2-3 коктели. Тоа е единствениот начин на кој можете да се опуштите.

4. Забележувате мистериозни болки во вашето тело – Во различен период од денот чувствувате необјаснива болка во одредени делови од вашето тело. Докторите упорно ви тврдат дека сѐ е во ред со вас и дека болката е само во вашата глава.

5. Барате утеха во храната – Сѐ почесто ви се случува да дојдете дома и да изедете цело пакување огромен чипс или пак, две чинии паста. Откако ќе завршите со „двојниот“ оброк забележувате дека полека ви исчезнува нервозата од работата.

6. Го носите својот мобилен дури и на јога – Кога конечно ќе успеете да најдете време за вежбање, вие го сместувате вашиот мобилен до вас. Никогаш не знаете кој би можел да ве побара, нели? Можеби би пропуштиле нешто многу важно.

7. Забележувате дека во последно време постојано се расправате со вашиот партнер – Периодов секоја вечер ви завршува со редовна караница за секојдневни нешта со вашиот партнер. Без разлика дали станува збор за неизмиени садови или пак, за сметките, изгледа како вие да немате трпение за смирен разговор и одма преминувате на сериозна караница.

8. Недела вечер ви е период на паника и ужас – Во истиот момент кога ќе зајде сонцето во недела вечер, почнувате да чувствувате интензивна паника дека наредниот ден мора да се вратите на работа и дека во наредните 5 дена нема да можете воопшто да се одмарате.

Сите овие знаци се еден интуитивен начин на кој вашето тело ви кажува дека едноставно не можете да продолжите да работите со ова темпо. И покрај тоа што е многу полесно да ги игнорирате, обидете се овој пат да им дадете предност. Дозволете му на вашето тело да ви го каже она што го има. Ќе се изненадите колку на овој начин можете да научите за себе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар