8 златни правила од среќните семејства кои може да ви го подобрат вашиот семеен живот

8 златни правила од среќните семејства кои може да ви го подобрат вашиот семеен живот

Се вели дека е потребно малку за среќа, но судејќи според некои истражувања, многу семејства ниту тоа малку не можат да го достигнат. Семејството е темелот на секој човек, и секој од нас во животот тежнее кон тоа да успее како родител, брачен партнер и да ја одржи благосостојбата, мирот и среќата во рамките на таа важна заедница. Еве неколку „правила“ кои ја одржуваат таа среќа.

1-8-zlatni-pravila-od-srekjnite-semejstva-koi-mozhe-da-vi-go-podobrat-vashiot-semeen-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Да бидете заедно е среќа

За сѐ што сакате да излезе добро потребно е повеќе вложување и присуство, па така и за семејството. Треба секојдневно да посветувате одредено време токму на таа активност, бидејќи да бидете заедно со луѓето кои ги сакате е среќа. Заради тоа, и покрај вашите работни обврски пронајдете време за вашите најмили.

2. Заеднички оброци

Се смета дека семејствата кои јадат заедно имаат силни врски, бидејќи и тоа е време, време кое го поминувате со најмилите, а горе веќе напомнавме колку е важно да бидете заедно и да поминувате време со најблиските.

3. Бракот е на прво место

Бракот мора да биде пример за љубов! Па така силниот и стабилниот однос помеѓу сопружниците треба да биде на првото место, а не децата. Често може да се види односот каде што децата се на првото место, бидејќи и ним им е потребен личен простор. А, децата секако еден ден ќе се иселат од домот.

4. Семејството е поважно од пријателите

Треба да се организираат семејни дружења и игри во кругот на семејството. Браќата и сестрите треба да си играат заедно, а не да бараат забава надвор од домот. Секако, треба да имаат и пријатели, но семејството треба да биде на првото место.

2-8-zlatni-pravila-od-srekjnite-semejstva-koi-mozhe-da-vi-go-podobrat-vashiot-semeen-zhivot-www.kafepauza.mk_

5. На децата не им се потребни премногу вон наставни активности

Исто така, не е добро ниту детето да нема никакви обврски надвор од училиштето, но никако не е пожелно да биде пренатрупано со премногу активности, бидејќи децата често се надвор од домот. Најдобри се некои заеднички и семејни активности, како што се возење велосипед, ролери или пливање.

6. Нема викање ниту караници пред децата

На децата им е потребна стабилност, бидејќи тогаш се чувствуваат најсигурно, а во спротивно им давате нестабилност. Избегнувајте ги караниците и дилемите пред децата, а ако се случи тоа, обидете се да им објасните зошто било така.

7. Ритуалите и навиките се создаваат со тек на време

Ритуалот како што е неделниот ручек е посакуван, дури тој треба да стане пракса на секое семејство. Покрај тоа, можете да организирате ритуали како што се заедничко гледање на некоја омилена серија или филм во петок навечер со пуканки или пица. Треба да пронајдете нешто кое ќе ве поврзува и усреќува кога сте заедно.

8. Добра комуникација

За ова можеме да кажеме дека е најважната точка на секое среќно семејство. Секогаш треба да се разговара за сѐ и секогаш да се инсистира на тоа. Децата треба да знаат дека секогаш може да се потпрат на вас и дека можат, а и треба да ви зборуваат за своите проблеми, грижи, љубов и друго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар