8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксон
Во текот на последниве неколку сезони од ТВ серијата „The Walking Dead“ Дерил Диксон успеа да најде начин да влезе во нашето срце и да стане еден од нашите омилени ликови. Тој е секогаш забавен за гледање, но на страна од тоа, тој индиректно нè научи на многу моќни лекции.
1. Никогаш не судете за книгата по нејзините корици
Доколку ја следите оваа ТВ серија, тогаш сигурни сме дека како и сите останати, така и вие имавте погрешно мислење за Дерил на почетокот. Сите ние мислевме дека тој е ист како својот брат Мерл, премногу агресивен и личност на која не може да ѝ се верува. Но, како што поминуваше времето така сфаќавме дека нашето мислење е погрешно. Дерил постојано ни покажува дека изгледот на личноста не го отсликува и нејзиниот карактер.
2. Во ред е да плачете
Доколку нешто ве растажува, тогаш најдобро е да му верувате на Дерил и едноставно да ги отпуштите солзите од вашите очи. Откако здраво ќе се исплачете, работите веднаш ќе почнат да се подобруваат.
3. Вашето минато не треба да ве дефинира
И покрај застрашувачката смрт на мајка му која изгорела во оган предизвикан од сопствената цигара и ужасното дело на неговиот постар брат кој го оставил сам да се справува со насилничкиот татко, Дерил сепак успеал да го тргне своето минато на страна и да го живее животот онака како што навистина треба. Тој постојано нè учи дека дури и во оние моменти кога изгледа како сè да е против вас, вие сте доволно силни да се изборите и да излезете од тој период како добра личност.
4. Понекогаш е во ред да бидете строги
Сите ние добро знаеме дека Дерил понекогаш е темпераментен, но во оние ситуации кога гледате дека вашиот пријател прави нешто глупаво, сосема е во ред да го повишите вашиот тон. Како инаку тие би научиле?
5. Никогаш не се откажувајте
Во втората сезона од оваа ТВ серија, Софија, ќерката на Керол исчезна и целата група се обидуваше да ја најде. По неколку дена, многумина се откажаа од потрагата, но не и Дерил кој продолжи да ја бара, дури и по ризик на својот живот. Без разлика на вашата мисија, никогаш не се откажувајте од тоа што сте го намислиле бидејќи кога-тогаш ќе ги почувствувате придобивките од вашиот труд.
6. Понекогаш сè што му е потребно на светов е малку смеа
Животот во постапокалиптичен свет е далеку од едноставен, но тоа не значи дека не треба да се најде време и за малку позитивности. Дерил секогаш успева да измами насмевка на лицето на неговите пријатели, бидејќи ја знае нејзината моќ. Без разлика на периодот низ кој поминувате, не заборавајте дека насмевката може да ве направи многу посилни.
7. Никогаш не е предоцна за промена
Во 6-тата епизода од 5-тата сезона добивме краток поглед кон детството на Дерил. Ние откривме дека тој чита книга во која е објаснето справувањето со децата кои претрпеле семејно насилство, а токму со тоа ни покажува дека никогаш не е доцна да започнете со менување на себе.
8. Возењето мотор со самострел на вашиот грб секогаш прави да изгледате кул!
Зарем треба да се каже нешто повеќе?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.