8 здравствени прегледи кои се задолжителни за секоја жена

8 здравствени прегледи кои се задолжителни за секоја жена

Превентивните здравствени прегледи треба да бидат дел од редовните планови на секоја жена, како што се козметичките третмани или посетата на театар. Редовната контрола кај матичниот лекар е задолжителна, а по потреба, на одреден период мора да се прават и дополнителни прегледи и анализи, со цел да се зачува здравјето.

8 здравствени прегледи задолжителни за секоја жена

1. Проверка на холестеролот

Доколку имате семејна историја на висок холестерол, тогаш потребно е редовно да го контролирате, бидејќи може воопшто да не почувствувате ако се покачи. Високиот холестерол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и срцеви и мозочни удари. Уште поризично е доколку пушите цигари и имате вишок килограми, но тоа не значи дека слабите луѓе се поштедени од висок холестерол. Неопходно е тестирањата да ги повторувате најмалку на секои пет години, а доколку сте во ризичната група може и почесто, во консултација со матичниот лекар.

2. Следете ги своите црева

Доколку забележите изменета или неправилна работа на дигестивниот систем, особено на цревата, веднаш побарајте дополнителни анализи. Доколку имате семејна историја на вакви проблеми, направете тест дури и ако немате симптоми. Можно е да се работи за синдром на иритирани црева или пак за нетолеранција на некоја состојка во храната (глутен или лактоза, на пример). Доколку се дијагностицира состојбата, потребно е да се следат упатствата за правилна исхрана.

3. Брис од грлото на матката

Кај секоја сексуално активна жена, задолжително е еднаш во годината на направи брис од грлото на матката, за да може навреме да се откријат нетипичните промени во ткивата. Редовниот брис дозволува рано откривање на промените, а со тоа и поефикасно лечење и спречување тие промени да преминат во тумор. Доколку сепак постојат промени во грлото на матката, потребно е да се повторува брисот и по неколку пати во текот на годината, за да може да се следи состојбата.

8 здравствени прегледи задолжителни за секоја жена

4. Преглед на промените на кожата

Доколку забележите дека на некоја бемка, белег или друга лузна настануваат промени, како што е големината, изгледот или бојата, време е да посетите дерматолог. Специјалистот понатаму ќе ве упати како да се лечите или ќе препорача козметичка или хируршка интервенција.

5. Тест за дијабетес

Доколку забележите симптоми на често уринирање, постојана жед, губење на тежина и чест умор, направете лабораториски тест на урината. Дијабетесот може да се појави кога било во животот, па затоа е подобро да знаете веднаш доколку го имате, за да можете да се однесувате во согласност со ситуацијата.

6. Тест за полово преносливи зарази

Секоја сексуално активна жена треба да ја следи и таа ситуација, особено затоа што често овие зарази предоцна ги даваат првите симптоми. Доколку често менувате партнери, потребно е да се тестирате на секои еден до два месеца, а доколку сте во врска со еден партнер, најдобро е и двајцата да се тестирате на самиот почеток. Следете ги евентуалните промени во интимните зони, проверувајте дали можеби имате невообичаен исцедок, непријатност, чешање или притисок во абдоменот, проследени со симптоми на грип или треска. Доколку постои нешто такво, веднаш јавете се кај матичниот гинеколог.

8 здравствени прегледи задолжителни за секоја жена

7. Преглед на градите

Нормално е градите да се менуваат во текот на циклусот, но мора да се внимава на можната појава на нетипични грутки, кои се откриваат со самопрегледување. Секоја невообичаена промена мора да биде прегледана и од страна на доктор, а самопрегледувањето е задолжителен за секоја жена.

8. Контрола на крвниот притисок

Овие прегледи спаѓаат во рутински и се изведуваат кај матичен доктор. Контролата на крвниот притисок на долгорочен план ќе ве заштити од кардиоваскуларни заболувања. Обрнете внимание доколку имате семејна историја на висок притисок, но и ако имате прекумерна тежина, проблем со алкохолот, ако чувствувате слабост, вртоглавица, замаглен вид, мачнина и несигурност.

Потсетете се и на овие 5 лаги кои ги кажуваме на докторот, а не би требало да го правиме тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар