8 загрижувачки причини за опаѓање на косата кај жените

8 загрижувачки причини за опаѓање на косата кај жените

Обично мислиме дека губењето на косата е проблем кој ги погодува само мажите. Но важно е и жените да знаат дека ќелавоста се појавува и кај нив. Жените не зборуваат отворено за проретчувањето на косата, па многумина се чувствуваат осамено заради ова трауматично искуство. Потребна е голема храброст за жените да почнат отворено да зборуваат за овој проблем, но вистината е дека тоа ретко се случува.

1-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Додека најчестите причини за проретчување на косата се препишуваат на староста или генетиката, сепак постои можност тоа да биде и заради некои прикриени здравствени проблеми. Важно е жените да ги знаат сите причини кои доведуваат до овој проблем. Губењето на косата може да биде емоционално исцрпувачко искуство, но сѐ е малку полесно кога сте добро известени.

Колку коса е нормално да изгубите?

2-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

На сите нам ни опаѓа коата без разлика на годините или здравјето. Дерматолозите велат дека е нормално да изгубите помеѓу 50 и 100 влакна дневно. Меѓутоа, губењето на 150 влакна дневно се смета како прекумерно опаѓање на косата или губење на косата. Важно е да го разликувате опаѓањето од губењето на косата. Кога косата ќе опадне, таа продолжува да расте. Губењето на косата значи дека косата нема повторно да израсне. Погледнете кои причини водат до губење на косата.

Причина број 1: Генетика

3-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Мажите обично ги гледаат своите татковци, дедовци и другите машки членови на семејството како показатели дали ќе станат ќелави. Истото важи и за жените. Ако вашата мајка или баба искусиле губење на косата, најверојатно и вие сте ги наследиле тие гени.

Причина број 2: Алопеција

4-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Истражувањата покажале дека главната причина за губење на косата и кај мажите и кај жените е алопецијата. Ваквиот образец за губење на косата се повторува во семејната историја. Околу третина жени го искусуваат во својот живот. Иако влијае на двата пола, мажите и жените поразлично ја губат косата. Мажите обично имаат проретчени линии на косата, додека жените ја губат косата на патецот.

Причина број 3: Лишај

5-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Лишајот е габична инфекција која предизвикува црвенило и чешање на кожата. Може да се појави каде било на телото, но лишајот на скалпот е доста честа појава и за жал, води до губење на косата. Научниците од клиниката Мајо, објаснуваат дека габите познати како дерматофити ја напаѓаат кожата и косата, предизвикуваат ќелави печати или прстени на главата. Секој може да добие лишај, но имате поголем ризик доколку работите со деца или животни или сте вклучени во атлетски активности каде што многу се потите, а притоа носите некоја тесна облека.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар