8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголем
Облеката има моќ да залажува. Таа може да направи да изгледате послаби или пак, да ви додаде некој вишок килограм, особено кога станува збор за областа околу стомакот. Непријатните стилови облека не избираат дали сте мажи или жени, па затоа, осигурете се дека во вашиот плакар ги немате овие непријателски парчиња облека што може да направат вашиот стомак да изгледа поголем отколку што навистина е.
1. Шорцеви со еластичен појас
Шорцевите со еластичен појас може да му додадат повеќе килограми на вашиот стомак, а тука проблемот е материјалот кој создава повеќе волумен. Ако пак навистина сакате да ги носите, тогаш барајте модели кои имаат послаби еластични појаси и полесен материјал.
2. Панталони со фалти
Фалтите на панталоните или здолништата доаѓаат и излегуваат од мода. Но, без разлика дали се популарни или не, тие не се добра идеја ако сакате да имате рамен стомак. Тие додаваат волумен на местата каде што не сакате, како што е областа на вашиот стомак и половината.
3. Хоризонтални ленти
Сигурно веќе имате слушнато дека вертикалните линии се најдобри за да создадете впечаток на повисока и потенка фигура. Па, ако сакате вашиот стомак да изгледа помал, држете се настрана од хоризонталните ленти на кошулите, блузите и фустаните.
4. Големи дезени
Исто како и хоризонталните ленти, така и големите дезени нема да направат да изгледате добро, затоа што тие може визуелно да го прошират просторот што го опфаќаат, па така вашиот стомак ќе изгледа поголем отколку што навистина е. Ако морате да изберете дезени, одлучете се за некои помали.
5. Патенти, џебови и набори
Иако овие работи може да бидат корисни и функционални, сепак, доколку можете без нив – избегнувајте ги. Тие може да го привлечат вниманието кон вашиот стомак на непријатен начин, затоа што најчесто прават оваа област да изгледа поголема отколку што навистина е.
6. Светкави материјали
Светкавите материјали или оние кои рефлектираат светлина, може да бидат ваш непријател кога станува збор за слабиот стомак. Најдобар пример за ова е сатенот. Иако може да ви изгледа убаво, сепак, тој ќе создаде погрешен впечаток за вашата фигура.
7. Широка облека
Понекогаш луѓето мислат дека со широката облека најдобро ќе може да ги сокријат проблемите околу областа на стомакот. Но, во реалноста се случува токму спротивното. Широката облека не само што не ги сокрива проблематичните делови, туку и ги нагласува истите.
8. Тесна облека
Исто така настојувајте да не носите и премногу тесна облека. Панталоните кои се премногу тесни околу половината ќе ви создадат непријатен ефект, а истото ќе го сторат и тесните блузи и кошули кои дополнително ќе го нагласуваат вашиот стомак. Затоа, изберете удобна облека со вистинската форма за вашето тело.