8 видови бради што мажите веднаш треба да ги избричат
Нема сомнеж дека живееме во време кога брадата е многу популарна. Денес таа дури си има и сопствена кутура и безброј производи за нејзина нега. Но, како и кај секое нешто што е модерно, и брадата си има свои граници. Погледнете кои видови бради не изгледаат толку добро колку што мислите.
1. „Здивена“ брада
Ако имате долга брада, треба да знаете дека мора да ја негувате. Брадата која расте без ограничувања само ќе направи да изгледате запуштено. Доколку немате време за нејзино одржување, подобро е да ја избричете.
2. Неколку влакна под устата
Ова е нешто што не треба да се наоѓа на вашето лице. Изгледа многу лошо, како да сте испуштиле некое место додека сте се бричеле. Подобро отстранете ја.
3. Разни форми на брадата
Вашата брада не е грмушка и не треба да ја третирате така. Овој метод на правење чудни облици на брадата прави да изгледате смешно. Подобро е само да ја негувате без да ѝ правите „фризури“.
4. Фарбана брада
Брадата со неприродна боја воопшто не е мажествена. Иако можеби е тренд на Инстаграм, не значи дека изгледа убаво.
5. Ретка брада
Некои мажи имаат повеќе среќа, па се благословени со густа брада. Но ако сте свесни дека вашата брада речиси и да ја нема, најдобро е редовно да ја бричите. Доколку навистина сакате брада, пронајдете некој третман кој ќе ви помогне да ја направите погуста.
6. Мала брадичка под брадата
Овој вид најчесто се користи за создавање илузија на поизразена вилица, за прекривање на брадата или пак за прекривање на фактот дека вашата брада е ретка. Сепак, ова не помага. Само ќе привлечете повеќе внимание кон недостатокот кој сакате да го скриете, а можете да создадете и илузија на подбрадок.
7. Бакенбарди
И ова е начин да ја покажете вашата желба за брада. Но, бакенбардите не изгледаат воопшто добро. Подобро е да ги отстраните.
8. Мустаќи
Во ред е да имате мустаќи, но да не бидат само тие на вашето лице. Ретки се мажите кои можат да изгледаат добро само со мустаќи. Мустаќите исто така доаѓаат и со многу контроверзни и злобни конотации. Мустаќи со брада е секогаш подобар избор.
Погледнете ги и овие интересни факти за брадата.