8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун

8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун

Освен за миење раце, сапунот може да се користи и за други цели во домаќинството. На пример, може да послужи за пополнување на дупките во ѕидот или за полирање на стаклото за да го спречите замаглувањето.

8 трикови за средување на домот за коишто ви е потребен само сапун

1. Вметнете магнет во сапунот за да го прицврстите на славината

Ако немате сад за сапун, овој трик е идеален за вас. Можете да го прикачите на која било железна површина во бањата со помош на магнет. Направете дупка во средината на сапунот и ставете го магнетот внатре.

2. Исчистете го скршеното стакло

Скршено стакло лесно се собира, но често остануваат мали парчиња што е тешко да се соберат со метла. Овие ситни парчиња може да бидат опасни. Во тој случај, натопете го сапунот и со лизгавиот дел поминете преку површината за да ги соберете остатоците.

3. Подмачкајте ја вратата

Чкрипењето на вратата можете да го решите со обичен тврд сапун. Намачкајте ги деловите што чкрипат со сапун. Отворете ја и затворете ја вратата неколку пати за да го раширите сапунот низ металната површина.

4. Ги брка штетниците што ги уништуваат растенијата

Сапунот може да ви помогне да ги спречите штетниците да ги напаѓаат растенијата. Методот е многу едноставен. Користете сапун направен од органски состојки за да не им наштети на растенијата.

Во 1 литар вода измешајте 1 лажица течен сапун и 1 лажица растително масло. Измешајте и испрскајте ги растенијата.

5. Исполирајте го огледалото во бањата за да го спречите замаглувањето

Земете сапун и внимателно истријте го на огледалото. Не треба да биде дебел слој. Кога ќе завршите, земете мека памучна или микрофибер крпа и полирајте го огледалото додека повторно не стане сјајно.

6. Сапун во плакарот за поубав мирис

Изберете сапун со мирис што ви се допаѓа и оставете го на полицата. Можете и да го завиткате во чиста тенка крпа.

7. Исполирајте ги очилата

Ако сакате вашите очила да престанат да се замаглуваат, сапунот е идеално решение. Навлажнете ги очилата со млака вода. Не треба да користите премногу топла вода затоа што стаклото е многу чувствително. Ставете малку сапун на прстите и тријте нежно од двете страни на стаклото. Потоа, добро избришете ги со памучна крпа.

8. Скријте ги дупките во ѕидот

Дупките во ѕидот може да бидат многу иритирачки, особено ако ги гледате секој ден. Не ви требаат некои специјални алатки, туку само сапун. Тријте сув сапун преку рабовите на дупките. Потоа, поминете со крпа преку површината за да го отстраните вишокот сапун.

Погледнете ги овие 10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар