Претходно
8 трикови кои оние што трчаат мора да ги знаат
Трчањето е прекрасна активност и штета е поради некои ситници да се откажете од неа. Затоа применете ги овие осум трикови. Со нив трчањето секој ден ќе поминува полесно и ќе ви причинува големо задоволство.
- Пред трчањето испијте смуди од банана за да ги спречите грчевите во мускулите.
- Напијте се и кафе за да ја зголемите издржливоста.
- Ако немате џебови, клучевите од станот или автомобилот врзете ги за врвките на вашите патики.
- Ако не сте купиле држач за мобилниот телефон, направете го сами од чорап. Превиткајте го така што ќе биде доволно голем за да го собере телефонот во него, па пресечете го крајот каде што е затворен и обрнете го навнатре. Потоа лесно ќе го ставите телeфонот во вашиот нов држач.
- Чорапот можете да го претворите и во држач за шише за вода. Ставете го шишето во чорапот и обрнете го едниот крај од другата страна преку вашата рака и полесно ќе го држите шишето.
- Измамете го телото да трча побрзо. Одберете една точка на хоризонтот до која ќе трчате. Таа не треба да биде многу далеку. Бргу ќе стигнете до неа и ќе се чувствувате помалку уморни.
- Отечените стапала измасирајте ги со топче за тенис.
- Ако тоа претходно стоело во замрзнувач, ефектот ќе биде уште подобар.
Сите овие трикови се собрани и визуелно објаснети во видеото на Базфид.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.