8 третмани што ги отстрануваат темните дамки под пазувите
Темните пазуви не претставуаавт сериозен проблем со здравјето и често се предизвикани како резултат на заболување на кожата познато како акантоза нигриканс кое ја задебелува и ја затемнува кожата. Сепак, ќе се чувствувате непријатно ако имате темни пазуви, а сакате да облечете блуза без ракави или да уживате на плажа во вашиот костим за капење.
Овие производи што ги имате во вашиот дом ќе ги ви помогнат да ги отстраните темните дамки под пазувите.
1. Јаболков оцет + сода
Што ви треба:
- 2 лажички јаболков оцет
- 2 лажички сода бикарбона
Што треба да направите: Измешајте го јаболков оцет со сода бикарбоната. Треба да почне да прави меурчиња, а кога меурчињата ќе стивнат, нанесете го растворот во делот под пазувите и оставете го да се исуши. Оставете го неколку минути и потоа исплакнете со ладна вода.
Колку често: Секој втор ден (трипати неделно)
2. Вода од роза + сода бикарбона
Што ви треба:
- вода од роза
- сода бикарбона
Што треба да направите: Направете леплива паста со додавање вода од роза во сода бикарбоната. Нанесете ја оваа паста на темните пазуви и оставете ја да стои 10 минути. Потоа, измијте ја пастата со ладна вода и исушете ги пазувите.
Колку често: Двапати неделно
3. Млеко + куркума + мед
Што ви треба:
- 1 лажица млеко
- 1 лажичка куркума во прав
- 1 лажичка мед
Што треба да направите: Измешајте сè добро и нанесете ја пастата на пазувите. Оставете да се исуши и потоа исплакнете.
Колку често: Секој втор ден (трипати неделно)
4. Кафеав шеќер + маслиново масло
Што ви треба:
- 3 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици маслиново масло
Што треба да направите: Добро измешајте ги состојките. Користете ја смесата за да ги триете пазувите околу 2 минути и потоа оставете ја да стои уште 5 минути. По 5 минути, исчистете ги пазувите користејќи млака вода и избришете ги со мека крпа.
Колку често: Двапати неделно
5. Бадемово масло
Што ви треба:
- неколку капки бадемово масло
Што треба да направите: Користете го маслото за да ја масирате темната област под пазувите 8-10 минути.
Колку често: Секој ден
6. Фулерова земја + лимон + вода
Што ви треба:
- 2 лажици фулерова земја
- 1 лажичка сок од лимон
- вода
Што треба да направите: Измешајте ги трите состојки за да формирате мазна паста. Нанесете ја пастата на подрачјето под пазувите и оставете да стои 15 минути. Потоа, испланете ја пастата со млака вода.
Колку често: двапати неделно
7. Компир
Што ви треба:
- еден мал компир
Што треба да направите: Излупете го и изрендајте го компирот, а потоа исцедете го сокот. Нанесете го сокот на вашите пазуви. Оставете го 15 минути и потоа исплакнете со ладна вода.
Колку често: Двапати на ден – еднаш наутро и еднаш навечер пред спиење
8. Масло од чајно дрво + вода
Што ви треба:
- 4-5 капки масло од чајно дрво
- чаша вода
Што треба да направите: Во шише за прскање истурете чаша вода. Додајте 4-5 капки масло од чајно дрво и добро протресете го шишето за да се измешаат состојките. Напрскајте ги пазувите и оставете да се исуши.
Колку често: Секој ден
Погледнете кои се 9-те примени на лимонот во третманите за здравје и убавина.