8 трендови за убавина за 2020 година со кои сите се опседати
Додека сите седат дома во карантин, една од омилените активности на луѓето е разгледувањето објави на Инстаграм. Од модни трендови и трендови за убавина до смешни фотографии и видеа за вежбање од дома, на Инстаграм ќе најдете инспирација како да го дочекате периодот по изолацијата. Сигурно сте ги заблежале и овие трендови за убавина што ќе ги гледате насекаде во текот на летото.
1. Розов кармин
View this post on Instagram
Летото е време кога треба да се збогувате со црвениот кармин барем до есента, а на сцената стапува прекрасната розова нијанса, што особено добро им стои на русокосите. Додајте нежно розово руменило, бледа сенка за очи во иста нијанса и ќе бидете подготвени и за дневно и за вечерно излегување.
2. Малку поинаков ајлајнер
View this post on Instagram
Ако сакате да привлечете внимание, нанесете тенки графички линии што ќе ви дадат посебен изглед, а уште подобро изгледаат со лесна пудра како основа и сјај за усни. Ова ќе биде еден од главните летни трендови, па затоа обидете се да го совладате уште сега.
3. Моливче за очи наместо ајлајнер
View this post on Instagram
Ако не сте вешти во нанесувањето ајлајнер, нема да погрешите со овој летен тренд. Сè што ви треба е малку подебело црно моливче за очи и малку сенка што ќе ви помогнат да постигнете изглед на мачкини очи.
4. Истакнати веѓи
View this post on Instagram
Ова лето нема да ви требаат моливчиња и сенки за веѓи. Истакнете ја природноста на вашите веѓи така што ќе ги избришете со тониран гел и малку ќе ги исчешлате пред шминкањето.
5. Бел ајлајнер
View this post on Instagram
Сè што ви треба за овој изглед е бело моливче, прецизна рака и малку храброст.
6. Жолта сенка
View this post on Instagram
Летото е совршено време да ги носите сите бои што нормално ги избегнувате. Жолтата сенка е нешто без коешто нема да можете да го замислите ова лето, а совршено се вклопува во секој изглед.
7. Праска наместо лимон
View this post on Instagram
Ако жолтата не ви е омилена боја, пробајте ја нијансата на праска боја. Таа е многу поубава од класичната кафеава сенка и изгледа одлично кога се вклопува со потемен тен и нежна боја на кармин.
8. Холограмска сенка
View this post on Instagram
Топлите летни ноќи се резервирани само за полесни тонови. Ако сакате да ги истакнете очите, изберете ја вашата омилена сенка и додајте хајлајтер за да добиете подобар сјај и изглед на зачадени очи.
Погледнете кои ќе бидат главните трендови за убавина во текот на летото.