8 трендови за шминка на кои е крајно време да им да се стави крај
Зачадени очи, темни бои на кармин или контурирање – на овие и на многу други посакувани трендови за шминкање им се ближи крајот. Тешката шминка на кожата станува непотребна бидејќи луѓето избираат да ја прифатат сопствената природна убавина. Сите постепено преминуваат на понежен изглед, а во продолжение ќе откриете со што се заменуваат трендовите што беа популарни со години.
1. Темен кармин
Различни нијанси на темни кармини беа омилени кај дамите со години, но овој тренд постепено се заменува. Потоплите тонови како розовата и бојата на праска ги заменуваат драматичните и смели кармини. Тие даваат природен изглед и се погодни и за секојдневни пригоди и за специјални настани.
2. Зачадени очи
Од 2010 година, овој тренд на шминкање не ја изгуби својата популарност. Првично направени со употреба на црна сенка за очи, љубителите на шминка наскоро вметнаа други нијанси и сјај. Но, сега фокусот е насочен кон повеќе светли и светкави сенки за очи.
3. Мат кожа
Веќе нема потреба да се трудите секоја пора да е целосно покриена со подлога и пудра бидејќи лицето има ефект на маска. Сега, жените се одлучуваат за природен изглед на кожата за кој не е потребна речиси никаква козметика. Нанесете малку хајлајтер на крајот и вашето лице ќе изгледа здраво, блескаво и целосно природно.
4. Згрутчени трепки
Пајаковидните трепки се непосакуван резултат при нанесувањето маскара, но Ријана успеа да го претвори ова во тренд. И покрај тоа што луѓето главно се стремат кон целосно природен изглед, ентузијастите за шминкање постојано експериментираат со боите на очите. Виолетовата, сината и зелената маскара забрзано добиваат популарност.
5. Нагласени усни
Моливчето за усни е лесно решение кога станува збор за добивање изглед на полни усни со кој сите се опседнати. Сепак, големите усни стануваат сè помалку популарни бидејќи сè повеќе луѓе се трудат да ја прифатат својата природна убавина. Усните со нејасни линии се во тренд бидејќи ќе имате природен и нежен изглед на лицето.
6. Очи како лисица
Неодамна на социјалните мрежи се појави тренд на закосени очи и откако многумина постојано го менуваа, овој стил се соочи со многу негативни реакции. Поради ова, сега сцената ја заземаат графичките ајлајнери на очите. Белата, сината и жолтата боја ќе ви дадат храбар изглед и ќе ви помогнат да се издвоите од толпата.
7. Контурирање
Заедно со тешката пудра, контурирањето беше основна рутина на многу љубители на шминка. Но, ова полека станува непотребно. Дефинираните јаболчни коски и нереално правиот нос веќе не се сметаат за привлечни. Наместо тоа, луѓето се обидуваат да ги нагласат своите сопствени уникатни линии на лицето и несовршеностите.
8. Тенки веѓи
Се чини дека полека одминува времето на тенките веѓи. Во меѓувреме, дебелите веѓи стануваат поприфатливи. Не е ни важно дали се тие совршено обликувани – колку повеќе имаат автентичен изглед, толку подобро.
Погледнете кои 10 секојдневни навики ја уништуваат вашата кожата.
Izvini, greska si. Ti sakas site da licat na tebe