8 тестови со кои ќе утврдите дали вашата врска ќе трае
Нема ништо на светот како новата љубов, но таа многу лесно може да избледи. Ако барате љубов која ќе трае, вашата врска мора да преживее неколку пресврти. Овие „тестови“ за вашата врска ќе ви покажат дали навистина има нешто после занесеноста на почетокот.
1. Составувајте мебел
Можеби мислите дека вашата врска е цврста, сè додека не се соочите со делчињата од мебелот во дневната соба. Ако можете да го преживеете процесот на составување на новата трпезариска маса или на некоја полица, вашата врска можеби е посилна отколку што мислите.
2. Престанете да имате секс
Во ред, не е секој тест за уживање. Но, ако вашата врска се одржува само поради сексот, штом ќе престанете со него ќе го дознаете тоа. Додека сексот е важен во секоја врска, лошо е ако не можете да се поднесувате без него. Фокусирајте се на однесувањето надвор од спалната соба – дали имате доволно теми за разговор? Дали имате заеднички работи? Ќе се изненадите колку можете да научите еден за друг.
3. Одете на одмор
Одморите се токму за тоа, за одмарање и релаксација, нели? Па, за многу парови, патувањето заедно може да биде тест за нивната врска. Од стресот за планирање на патувањето до времето поминато заедно и учење на навиките кои ги имате и двајцата, одморот може да ја подобри или да ја влоши вашата врска.
4. Пробајте нешто ново
Секоја нова врска е ризик, но понекогаш треба да додадете уште малку ризик за навистина да ја зајакнете поврзаноста. Пробајте нешто ново заедно – како банџи скокање или друга забавна (по можност застрашувачка) авантура и дознајте како се подржувате во непријатни ситуации.
5. Барем еднаш жестоко расправајте се
Има време пред првата жестока расправија, но и тоа мора да дојде. Вашата прва караница може добро да ви покаже дали можете да комуницирате правилно, да најдете компромис и да продолжите понатаму. Првата караница, всушност е вистинскиот почеток на интимна љубовна врска.
6. Запознајте го семејствово
Врските не се само помеѓу двајца луѓе – тие се помеѓу два живота. Запознавањето на родителите на вашиот партнер е голем чекор во врската, но и голем тест за неа. Како реагира вашиот партнер на динамиката на вашето семејство? Дали вашиот партнер ја подржува врската која ја имате со семејството? Дали уживате во времето поминато со семејството на партнерот? Ова се големи прашања и можат да ви кажат многу за вашата врска.
7. Играјте игра
Секој има барем малку натпреварувачки дух, но ако една изгубена игра предизвикува тридневна депресија кај вашиот партнер, добро е да го знаете тоа уште на почетокот. Ако вашиот партнер е уништувач на игри, без разлика дали победил или не, тоа може да води кон живот во кој треба да бидете многу внимателни.
8. Разболување или повреда
Вашиот партнер ве сака кога сте најдобрата верзија од себе, но што кога имате грип? Што ако ја скршите ногата? Физичката болест или повреда може да биде напорна за врската, па ова е одличен момент да го видите вистинското лице на вашиот партнер. Ако најдете партнер кој ве подржува кога повраќате во бањата (или пак далеку од неа), вие сте го нашле вистинскиот.
Погледнете ги и овие едноставни правила за здрава и успешна љубовна врска.