8-те тајни на жените кои знаат како да се справат со стресното секојдневие

8-те тајни на жените кои знаат како да се справат со стресното секојдневие

Жените кои знаат да се справат со секоја можна стресна ситуација се навистина ретки, но постојат. Тие се смирени и секогаш зрачат со неверојатна самодоверба. Па, како им успева? Ова се нивните 8 тајни кои треба да почнете да ги применувате уште веднаш…

8-те тајни на жените кои знаат како да се справат со стресното секојдневие

1. Размислуваат пред да реагираат

Кратката прошетка на свеж воздух може да направи чуда за вашиот ум. Во никој случај немојте да одговарате на пасивно-агресивниот имејл од вашиот колега додека не излезете од канцеларијата на неколку минути.

2. Не забораваат да дишат

Кога ќе се најдеме во стресна ситуација, честопати го задржуваме воздухот или забораваме да дишеме. Ако се чувствувате нервозни пред некоја презентација или важен состанок, вдишете длабоко преку дијафрагма, задржете го воздухот неколку секунди, па издишете. Повторете го ова барем 10 пати. Јогата и медитацијата можат да ви помогнат да дишете подобро.

3. Знаат да кажат „Не“

Ако ја прифаќате секоја можност и одговорност што ви се нуди, неизбежно е соочувањето со големи стресови. Одредете ги вашите приоритети и дознајте кои се работите што навистина сакате да ги правите. На тој начин успехот нема да изостане, а и вие ќе бидете позадоволни. Вашиот шеф, колега, пријател, партнер, мајка или татко со сигурност ќе ве разберат и ќе ја почитуваат вашата одлука да кажете „Не“.

4. Одвојуваат време за себе

Мора да се грижите за себе ако сакате да се ослободите од секојдневниот стрес. Без разлика дали станува збор за спа третман, гледање на омилената серија или калорична ужина, дајте си дозвола да го правите она што ви носи задоволство барем еднаш неделно.

8-те тајни на жените кои знаат како да се справат со стресното секојдневие

5. Си дозволуваат да „забушаваат“ понекогаш

Немојте да паднете во стапицата на перфекционизмот. Понекогаш работата едноставно треба да се заврши и воопшто не е важно дали сѐ ќе испадне совршено. Во ред е ако згрешите, се случува и тоа. Не заборавајте дека и покрај тоа, вие сте прекрасни и незапирливи.

6. Имаат издувен вентил

Без разлика дали се работи за кикбокс, јога, танц или „Candy Crush“, вам ви треба нешто што ќе ве опушти и ќе ве ослободи од сите мисли. Пуштете го мозокот на „пасење“ и ќе забележите како стресот постепено се намалува.

7. Секогаш се организирани

Знаете кои се непотребните причинители на стресот? Моментите кога не можете да си го најдете клучот, кога не знаете каде сте ги ставиле важните документи или кога сте ја заборавиле лозинката… Почнете со тоа што ќе си ја средите работната маса. Ќе се изненадите од тоа колку средената работна атмосфера ќе успее да ви го избистри умот.

8. Спијат доволно

Ова е многу важно. Сѐ зависи од сонот. Како би можеле да се справите со стресот ако сте спиеле помалку од 6 часа? Вашето тело се обидува да ви каже нешто кога ќе почне да ви се приспива околу 2 часот попладне. Не заборавајте да се одморите.

Доколку чувствувате дека во последно време животот ви станува премногу напорен, прочитајте ги овие 9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар