8-те правила за успех

8-те правила за успех

Законот за привлекување привлече многу големо внимание, но сигурно сте помислиле дека не е многу реален. Милиони луѓе ја употребиле оваа техника, но многу малку го постигнале успехот. Па што да правите понатаму? Иако афирмациите се одличен начин да го започнете денот, тие не можат да направат чуда. Па затоа погледнете ги 8-те правила за неизбежен успех.

8-te-pravila-za-uspeh-kafepauza.mk

1. Способноста за успех ја има секој. Да, можете да ги зголемите вашите приходи, да ја намалите непосакуваната тежина, да создадете длабоки врски. Вие го имате правото да бидете успешни колку и секој друг.

2. Освен ако не станува збор за чудо, вашите мисли ја немаат моќта да создадат успех. Само вашите мисли нема да ви ја зголемат платата или да ја намалат вашата тежина. Треба да преземете нешто за да ги остварите соништата.

3. Најголемата пречка кон успехот се верувањата кои лежат длабоко во потсвеста. Улогата на потсвеста е да ве држи токму таму каде што сте, а ова многу често се нарекува и „зона на удобност“. Ова не значи дека зоната на удобност е во ред. Секогаш кога не успевате во нешто, вашите потсвесни мисли го саботираат успехот кој го посакувате.

4. Една мисла, без разлика колку е позитивна, не може да го смени негативното однесување. Не можете да надминете некоја зависност, финансиски проблеми или пак, да ставите крај на лоша врска со мисли.

5. Единствениот начин да ги смените мислите кои се во потсвеста е секојдневно да ги повторувате работите кои обично не ги правите. Успехот бара да инвестирате време и напор. Со текот на времето ќе создадете потсвест која ќе продолжи да ве турка кон успехот.

6. Сè може да се промени за 1 година. Во 37-те години работа во полето на личното созревање, се открило дека личноста која страда од зависност, финансиски проблеми и слично, треба да вложи околу 12 месеци работа за да ја надмине пречката.

7. Со 12 месеци поминати надвор од зоната на удобност, неудобноста која сте ја чувствувале ќе исчезне. Додека на почетокот било тешко да ги изгубите тие 10 килограми, на крајот на 12-от месец промената во исхраната и во начинот на живот станува дел од вашата личност.

8. Афирмациите, визуализирањето и слично, може да ви помогнат само околу 20%. Останатите 80% доаѓаат од вашата волја да ги направите чекорите кои инаку ве плашат, и тоа секојдневно. Ова е вистинската „тајна“ на успехот.

Погледнете ги и работите кои ја уништуваат вашата можност за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар