8 стравови од кои треба да се ослободите пред да се венчате со љубовта на вашиот живот

8 стравови од кои треба да се ослободите пред да се венчате со љубовта на вашиот живот

Многу е важно да не влезете во брак со проблемите што ги влечете од минатото, бидејќи подоцна би можеле да настанат недоразбирања и несогласувања помеѓу вас и партнерот. Љубовта на вашиот живот треба да знае за сите мисли што ве мачат и ве спречуваат целосно да се предадете. Ова се 8-те стравови од кои треба да се ослободите пред да се венчате со вашата сродна душа…

8 стравови од кои треба да се ослободите пред да се венчате со љубовта на вашиот живот

1. Страв од обврски

Ако ви е страв да се обврзете кон некого, мора да бидете многу искрени со себе. Можеби се плашите да се врзете поради застарените сфаќања за значењето на бракот. Во тој случај, разговарајте со партнерот и обидете се заеднички да му дадете нова смисла на брачниот живот.

2. Страв од повредени чувства

Можеби ставате штит пред себе, затоа што не сакате да бидете повредени. Но, не треба да живеете во меур само за да не ви го скршат срцето, туку да одлучите за кого вреди да ги ризикувате вашите чувства и ранливост. Доколку вашиот партнер ве повредил, наместо да почнете да се оддалечувате од него, најдобро е отворено да разговарате за тоа, бидејќи можеби неговото однесување било ненамерно.

3. Страв од тоа дека нема да бидете доволни

Нормално е да се прашувате дали сте доволно добри за човекот кого неизмерно го љубите. Во вашите очи, оваа личност е совршена и тоа ве прави несигурни. На крајот на краиштата, вие сте заедно од некаква причина и најверојатно и партнерот ве гледа со истиот восхит со којшто го гледате и вие.

4. Страв од кавги

Кавгите се неизбежни во секоја врска. Конфликтите служат за да ги решите вашите несогласувања и ако некој ви каже дека кавгите се нездрави, треба да знаете дека станува збор за дезинформации.

8 стравови од кои треба да се ослободите пред да се венчате со љубовта на вашиот живот

5. Страв од промена

Ако планирате да го поминете остатокот од вашиот живот со некого, мора да прифатите дека обајцата ќе поминете низ одредени промени. Луѓето постојано еволуираат. Треба да сфатите дека нема секогаш да се сакате на истиот начин и тоа не значи дека вашиот брак е осуден на пропаст, туку дека ќе се менувате и секој ден ќе се вљубувате еден во друг поради различна причина.

6. Страв од минувањето на времето

Луѓето честопати имаат големи очекувања околу тоа како ќе изгледа нивниот живот во одреден период или на одредена возраст. Ова се однесува на сите животни области како што се љубовта, кариерата и семејството. Немојте да им дозволите на лажните очекувања да ве исплашат од тоа да си ги следите чувствата. Сите ние следиме различна мапа со различни знаци и патишта и никогаш не можеме да знаеме каде ќе завршиме на крајот.

7. Страв од осудувања

Ако премногу се грижите за туѓите мислења и зборови, залудно трошите енергија што можете да ја искористите за развојот на вашата врска. Никој не сака да ги слуша глупавите озборувања. Гледајте во она што се наоѓа пред вас. Дали партнерот ве сака такви какви што се? Тогаш нема за што да се грижите!

8. Страв од преголемо вмешување на семејствата

Не мора да бидете најдобри пријатели со семејството на вашиот партнер, но не треба ни да се плашите од нив. Најдобро е да бидете љубезни во секое време. Не можете да ги одбегнете семејните ручеци и собири!

Стравот само нѐ спречува од тоа да го оствариме сиот наш потенцијал. Личноста со која сакате да го поминете животот не само што ќе ги разбере вашите стравови, туку ќе ги сподели и нејзините. Нема од што да се плашите, бидејќи вашите партнери се тука за да ве заштитат.

Доколку размислувате да започнете заеднички живот, прочитајте ги и следниве 30 разговори кои треба да ги направите со партнерот пред да стапите во брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар