8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето - Part 2

8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

5. Лузни од акни: Зелен чај

(5)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Зелениот чај содржи феноли кои се антиоксиданси и ги лекуваат лузните.

  • Ставете 2 вреќички чај или 2 лажици од чајот во длабок сад.
  • Зовријте 500 милилитри вода и ставете ја во садот.
  • Земете чиста и мека крпа и накиснете ја во чајот.
  • Оставете ја крпата на лицето 5-10 минути.

Можете да повторувате неколку пати дневно.

6. Брчки: Маслиново масло

(6)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Маслиновото масло е одличен извор на витамини А и Е кои ги регенерираат клетките на кожата.

  • Измешајте неколку капки маслиново масло со неколку капки мед и глицерин.
  • Масирајте со смесата 2 пати дневно.

За да ги спречите или намалите брчките можете да ја масирате кожата со кокосово масло, масло од ему, бадемово масло или масло со витамин Е.

7. Затворени пори: Морска сол и мед

(7)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Морската сол содржи многу минерали и хранливи состојки како магнезиум, калциум, натриум и калиум кои создаваат рамнотежа во производството на масти, ги отстрануваат мртвите клетки и ја поттикнуваат нивната регенерација.

  • Измешајте 2 лажици морска сол со 4 лажици мед.
  • Нанесете ја мешавината на чиста кожа и нежно втријте ја.
  • Оставете да делува 15 минути и исплакнете.

Можете да го користите овој пилинг неколку пати неделно.

8. Алое вера за беспрекорна кожа

(8)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Алое верата е богата со витамини Ц и Е, бета каротен и природни ензими. Таа е совршен навлажнувач на кожата, ја враќа нејзината нормална рН вредност и ја зголемува еластичноста. Исто така, ова растение е одлично против акни и лузни. Погледнете како можете да го користите.

  • Чистач: Додајте малку мед во сок од алое вера. Нанесете ја мешавината на лицето и исчистете со памук.
  • Пилинг: Додајте брашно од ориз или шеќер на лист алое вера. Тријте го лицето 1-2 минути и исплакнете со вода. Можете да го користите пилингот 2-3 пати неделно.
  • Тоник: Во сок од алое вера додајте 2 лажици вода од ружа и 2 лажици минерална вода. Истурете ја смесата во шише со пумпа и прскајте го лицето по потреба.
  • Маска: Измешајте 1 лажица шеќер, 1 лажичка сок од лимон, 1 лажичка сок од алое вера и 1 лажичка вода од ружа. Нанесете ја мешавината на проблематичните места и оставете да делува 15-20 минути. Исплакнете со топла вода.

Пробајте ги и овие природни маски за лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар