8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Ситуациите како грч додека пливате, несвестица или губење во шумата не се доживуваат често во животот. Сепак, за да го намалите ризикот, треба да знаете како да се однесувате и да не ве фаќа паника за време на екстремни ситуации. Овие неколку корисни совети може да ви помогнат во случај да се соочите лице в лице со опасноста.

1. Како да се справите со несвестица?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Дури и ако сте во толпа луѓе, може да се случи да нема никој што ќе реагира брзо и да ви помогне ако се онесвестите. Во тој случај, можете да си помогнете сами и да се подготвите.

  • Обидете се да му кажете на некој близу до вас што се случува и побарајте помош. Обидете се да се потпрете на ѕид и полека да седнете.
  • Легнете со кренати нозе или седнете со спуштена глава меѓу колената.
  • Дишете длабоко.
  • Обидете се да шмркате и да вдишете двапати со затворена уста и потоа да издишете. Истражувачите откриле дека овој метод помага да не паѓаат вашиот крвен притисок и бројот на отчукувања на срцето.

2. Како да преживеете пад од голема висина?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Во случај да паднете од екстремна висина, обидете се да запомните:

  • Имитирајте скокање со падобран. Градите и главата треба да бидат свртени надолу. Раширете ги рацете и нозете и свиткајте ги под агол од 90 степени.
  • Пронајдете место за слетување. Тоа може да сено или грмушки што ќе функционираат како перница. Паѓањето во вода е безбедно само ако падот е висок 50 метри или помалку.
  • Наместете го вашето тело во вертикална положба за да удри во земјата. Подобро е да паднете нанапред отколку наназад.
  • Заштитете ја главата со рацете.8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Ако паѓате од планина или падина, овие мали совети можат да ви помогнат да избегнете сериозни повреди:

  • Поделете го вашиот пад на делови удирајќи во карпа или дрво. Фатете се за некој предмет што ќе ви се најде на патот.
  • Не држете го вашето тело стегнато бидејќи може да биде штетно за вашите внатрешни органи.
  • Заштитете ја главата со рацете.
  • Спуштете се на нозе со малку свиткани колена.
  • Застанете на предниот дел од стапалата, така што вашето тело ќе има можност поефикасно да го апсорбира ударот.
  • Избегнувајте паѓање на грб. Наместо тоа, обидете се да паднете настрана.

3. Како да преживеете удар од гром?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

  • Обрнете внимание на претчувствата на вашето тело кога сте надвор. Пред ударот од гром, можете да почувствувате како влакната на вашето тело се исправени нагоре. Вашата кожа може да се наежи и веројатно ќе слушнете звук на зуење.
  • Свиткајте се како бејзбол фаќач и ставете ја главата помеѓу колената. Обидете се да бидете колку што е можно пониско, но никогаш не легнувајте.
  • Ставете ги рацете на ушите за да го минимизирате губењето на слухот.
  • Единственото нешто што треба да ја допира земјата треба да предниот дел на стапалата.
  • Ставете ги потпетиците на стапалата споени за да може струјата да оди во едната и во другата нога, наместо во телото.

4. Како да преживеете во пустина?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Ако сте заглавени во пустина, клучно е да имате тактика за преживување.

  • Не движете се во текот на денот. Изберете поладна ноќ за да патувате на долги растојанија со цел да заштедите вода во вашето тело.
  • Останете под сенка во текот на денот. Можете да направите засолниште со кој било вид материјал што можете да го најдете.
  • Испратете сигнали за помош. Направете чад дење и светло навечер.
  • Пронајдете извор на вода. Следете ги животните и птиците, пронајдете ја најзелената вегетација, побарајте падина од тврди карпи. Таму веројатно ќе најдете дождовница.
  • Ако се чувствувате исцрпено, не одете понатаму, но напијте се неколку голтки вода (ако ја имате) и одморете се.
  • Држете се подалеку од растенија со боцки. Може да се повредите и да се заразите.

5. Како да преживеете во шума?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

  • Пред сè, побарајте вода. Обидете се да ги проверите ниските места каде што може да се собере вода и во близина на трагите на животните што ги гледате. Ако има планини, побарајте вода во подножјето на карпите.
  • Ако сте собрале дождовница, не дозволувајте да остане во резервоарот премногу долго бидејќи бактериите можат да ја контаминираат.
  • Следете ги мравките кога се качуваат на дрвјата. Ако видите мравки на дрвјата, постои можност тие да патуваат кон извор на влага во внатрешноста на дрвото. Ако го пронајдете, истурете ја водата директно во устата. Но, внимавајте да не проголтате мравки.

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

  • Запалете оган. Пронајдете мал, сув материјал како лисја и големи и мали гранки. Користете рамно парче дрво и изгребете мал жлеб во центарот. Со друга гранка започнете да го триете центарот додека не создадете оган.
  • Користете оган и чад за да испратите сигнали за помош. Покријте го огнот со голема гранка или со каква било тава 3-4 секунди за да соберете доволно чад. Потоа, тргнете ја и оставете го чадот да оди нагоре.

6. Како да преживеете додека се давите?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

Кога ќе останете под вода подолго време, треба да бидете во можност да го задржите здивот. Во овој случај, можете да вежбате дијафрагмални вежби кои можат да ви помогнат да преживеете. Пробајте ја оваа вежба што исто така може да ви помогне да се ослободите од лошите навики на дишење во вашиот секојдневен живот:

  • Набавете неколку книги. Не треба да бидат тешки.
  • Легнете на подот и поставете ги овие книги на стомакот.
  • Вдишете полека во стомакот. Книгите треба да се движат нагоре како знак на правилно вдишување.
  • Издишете полека. Книгите треба да одат надолу. Направете ја оваа вежба неколку пати.

Може да се обидете и да го задржите здивот додека пливате.

  • Најпрво, загрејте се без задржување на здивот, додека пливате 400 метри.
  • Направете 10 серии пливање од 25 метри слободен стил без дишење. Направете паузи од 15-30 секунди меѓу сериите.8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

За да преживеете под вода кога имате грч во мускулите, направете го следново:

  • Пијте доволно вода пред да пливате затоа што дехидрираноста може да предизвика грчеви.
  • Обидете се да легнете на грб и да започнете да лебдите. Масирајте го дното на стапалото или делот од ногата што е затегнат.
  • Ако имате грч на задниот дел од ногата, свиткајте го коленото додека лебдите на грб и започнете да ја истегнувате ногата со влечење на прстите кон вас.

7. Како да преживеете смрзнатини?

8 совети што може да ви го спасат животот во екстремни ситуации

  • Дефинирајте ги раните знаци на смрзнатини: бледа, бела и тврда кожа. Ќе почувствувате вкочанетост и чувство на печење. Ако ги чувствувате овие симптоми, не останувајте на студ и барајте професионален медицински третман.
  • Не користете фен или камин за да се загреете.
  • Испијте нешто топло, користете ќебиња и натопете го замрзнатиот дел во вода што е помеѓу 38 °С и 40 °С, додека кожата не стане розова.
  • Откако кожата ќе стане розова, исушете ја многу нежно и завиткајте ја со завој.
  • Ставете завој или памучни топчиња помеѓу прстите ако се повредени.
  • Побарајте медицинска помош.

Погледнете ги и овие 10 трикови што ќе ви помогнат да преживеете во несекојдневни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар