8 совети коишто не треба да им ги давате на депресивните луѓе
Оние кои не страдале од депресија, на оваа состојба гледаат поразлично од оние кои се соочуваат со неа. Ако сте среќници и ако во животот не сте соочиле со депресија, и покрај сите напори, вам потешко ќе ви биде да им помогнете на оние кои ја искусуваат оваа состојба. Многу совети, навидум полни со љубов, честопати се покажуваат како неефикасни. Доколку во ваша близина имате некоја личност којашто страда од депресија, обидете се да ги избегнувате овие реченици.
1. „Можеби треба да се исплачеш, така сигурно ќе се чувствуваш подобро“
Депресијата не е само еден момент на тага, туку тоа е постојано чувство што овозможува гледање на животот „како низ филтер“. Токму поради оваа причина, плачењето нема да им помогне на депресивните личности да се ослободат од неа. Всушност, во повеќето случаи тие ниту имаат способност, ниту пак желба за плачење.
2. „Треба да се исправиш и да продолжиш – откако ќе имаш добар ден, ќе се вратиш во нормала“
Ако навистина сакате да им помогнете на луѓето кои страдаат од депресија, морате да сфатите дека ним им е потребен долготраен третман. Излегувањето може само привремено да им помогне, но далеку од тоа дека е вистинското решение. Можеби не можејќи да се соочите со ваквите ситуации вие ќе се откажете од плановите со нив и ќе ги оставите. Но, треба да сфатите дека тие не секогаш знаат како може да се однесуваат со вас, а токму поради тоа може да се појават проблеми во вашите пријателски врски.
3. „Престанете да мислите негативно и фокусирајте се на позитивните работи околу вас“
За жал, ова не е толку едноставно, пред сѐ поради тоа што депресијата може значително да ја наруши перцепцијата за реалноста. Всушност, на овие личности негативните мисли им се нивната реалност. Тие може да бидат толку доминантни што честопати не можат да пронајдат гордост и во нивните претходни успеси и достигнувања.
4. „Не грижи се, сподели со нас како се чувствуваш и ќе ти помогне“
Иако понекогаш споделувањето на проблемите може значително да ја олесни ситуацијата, депресивните луѓе честопати немаат желба да ја споделуваат својата тежина со другите. Тие се многу чувствителни на оваа тема, особено ако другите не ги разбираат како се чувствуваат. Последното нешто што го сакаат е да мислат дека другите на нив гледаат како на личност која премногу драматизира. Тие се свесни за фактот дека повеќето луѓе не знаат како да реагираат на нивната состојба и дека не ги разбираат нивните чувства.
5. „Смени ги дневните навики и ќе се чувствуваш подобро уште пред да сфатиш“
На депресивните луѓе им е мачна дури и дневната рутина. Едноставното станување од кревет, подготвувањето за новиот ден, јадењето, па дури и повторното легнување им стануваат измачувачки навики. Ваквите личности се премногу депресивни за да може да излегуваат и да се дружат, па затоа најчесто остануваат целосно изолирани. Дури и со третмани, лекови, вежби или пак здрава исхрана, на овие личности воопшто не им е лесно да се справат со депресијата.
6. „Обиди се да бидеш позитивен, знам дека така би се чувствувал подобро “
За жал, патот на закрепнување од депресијата може да биде долг и не е без последици. Оние кои страдаат од депресија честопати се несигурни, затоа што кога се чувствуваат добро, знаат дека веќе наредниот ден може повторно да бидат вратени назад. Ова е сосема фрустрирачко искуство, па затоа, доколку само им кажете да се обидат повторно да бидат позитивни, нема да им понудите разбирање за нивните проблеми.
7. „Поставете си свои цели и фокусирајте се на нивно остварување, па тоа ќе ви помогне да излезете од рутината“
Депресивните луѓе не го чувствуваат слаткото задоволство на остварувањето на своите цели на таков начин како што го чувствуваат останатите. Досадниот тон на депресијата не им дозволува да ја вратат среќата и енергијата откако ќе доживеат некој успех. Оние коишто страдаат од депресија може да бидат и најуспешни во нивното поле на делување, но успехот не секогаш ја олеснува нивната депресија.
8. „Откако ќе ја вратите контролата на вашите емоции, ќе се ослободите од депресијата“
Тешкото нешто кај депресијата е тоа што таа станува не само емоционална, туку и физичка борба. Кога депресивните личности ќе помислат дека ја повратиле контролата на своите емоции, физичките проблеми, како што се болките, заморот, губењето апетит и слично, може да се појават повторно.
Ако сакате да ги разберете депресивните луѓе, треба да сфатите дека тие постојано водат борба на два фронта!