8 совети кои ќе ви помогнат да бидете смирен родител без да го изгубите авторитетот

8 совети кои ќе ви помогнат да бидете смирен родител без да го изгубите авторитетот

Денес многу родители се обидуваат да ги дисциплинираат нивните деца со повишување на тонот и викање, мислејќи дека тоа ќе вроди со некаков плод. Но што кога ќе изгубите контрола? Важно е да знаете дека понекогаш викањето може само да ја влоши ситуацијата и да предизвика конфликт. Со помош на овие совети ќе можете да го одржите мирниот однос со вашите малечки, а сепак да го зачувате вашиот авторитет.

8 совети кои ќе ви помогнат да бидете смирен родител без да го изгубите авторитетот

1. Едноставно, престанете

Штом ќе забележите дека сте под стрес и се чувствувате како да ќе експлодирате од бес, обидете се да се воздржите и престанете со зборување. Немојте да му викате на детето или да направите нешто за коешто подоцна можеби ќе се покаете. Дури откако навистина ќе се смирите, размислете кој е најдобриот следен чекор за да го решите проблемот.

2. Снижете го тонот на гласот до шепотење

Имате ли забележано дека слушате повнимателно кога некој шепоти? Кога децата ќе се напрегаат да слушнат што им зборувате, ќе бидат присилени да слушнат што имате да кажете.

3. Користете визуелен распоред

Сите родители знаат колку е тешко да ги натераат децата брзо да се подготват за на училиште. Тогаш почнуваат со викање со цел да го забрзаат целиот процес. За да го избегнете ова, добро е да направите распоред што децата треба да го гледаат. Уште подобро е ако распоредот е во облик на цртеж.

За појадок нацртајте чинија со житарици, доколку треба да се облече, нацртајте некое парче облека, доколку треба да ги измие забите – нацртајте паста и четка… Малите деца сакаат да знаат што точно треба да направат, а по секоја завршена обврска, прецртајте ја на распоредот. Целта на цртежите е целото искуство да биде забавно за децата.

4. Последици

Сигурно се прашувате како да го промените лошото однесување на вашите деца. Одвлекувањето на вниманието е одлично решение за малите, но и за постарите деца. За да ја држите ситуацијата под контрола, смислете последици до коишто ќе се држите. Наместо да им викате на децата кога се тврдоглави, кажете им кои се последиците од тоа однесување. Најважно е да се држите до вашите принципи за тие да сфатат дека сте сериозни за она што го зборувате.

5. Користете стоперка

Доколку сте родител кој често го повишува тонот на децата додека се подготвуваат за излегување, обидете се да употребувате стоперка. Кажете им на децата колку време имаат да завршат нешто и ќе забележите дека ќе почнат да се натпреваруваат за да завршат што побрзо.

6. Поврзување

Обидете се да ги гледате нештата од детска перспектива и сочувствувајте кога поставувате ограничувања. Не заборавајте дека штом детето ќе сфати дека го разбирате, ќе се обиде да ве послуша. Поврзете се со него, а потоа разговарајте кога и двајцата ќе бидете смирени.

7. Пауза

Понекогаш најпаметното решение е да излезете од собата. Кога ќе си дадете малку простор, ќе се намали вашата лутина и полесно ќе се справите со ситуацијата.

8. Отстранете ги предизвикувачите на лутина

Обидете се да ги намалите нервозата и лутината, така што вашето дете нема да може да дојде до нештата до кои не би требало. Држете ги настрана работите што не смее да ги допира. Исто така почитувајте ја неговата потреба за спиење, бидејќи доколку му викате премногу, тоа ќе се одрази на неговиот сон.

Погледнете ги и овие трикови што ќе ви помогнат да се справите со вашите деца кога се немирни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар