8 скриени предизвикувачи на акни и мозолчиња заради кои вашата кожа изгледа лошо
Затворените пори се главните предизвикувачи на акни и несовршености на кожата, а чистите пори и правилната нега се клучот за беспрекорно и блескаво лице. За да имате прекрасна и здрава кожа, внимавајте на следните 8 работи кои може да ви попречат во вашата цел.
1. Валкан мобилен телефон
На мобилниот телефон најчесто се собираат нечистотии и бактерии. Кога екранот од мобилниот телефон ќе го приближиме до образот, ние ги пренесуваме бактериите и нечистотиите кои дополнително ги затвораат порите. Настојувајте редовно да го дезинфицирате мобилниот телефон и телефонската слушалка со антибактериски марамчиња.
2. Валкани раце
Тешко е да се спротивставиме на старите навики и со рацете кои претходно не сме ги измиле да го допираме лицето. Најчесто го правиме тоа несвесно, но таа нечистотија од рацете е причина за затворени пори, а со самото тоа и за појава на акни на образите.
3. Мрсна храна
Внимавајте на храната што ја внесувате во вашето тело. Мрсната храна како што е чипсот може да предизвика затворени пори.
4. Мртви клетки кожа
Кога порите ќе се затворат во себе содржат маснотија, нечистотија и мртви клетки кожа и така предизвикуваат мозолчиња и акни. За да го спречите тоа и да ги отстраните мртвите клетки направете благ пилинг.
5. Шминка
Сигурно веќе го знаете ова, но вреди да се повтори. Секогаш отстранувајте ја шминката пред спиење. Тешката шминка и козметика дополнително ги затвораат порите.
6. Крема
Во текот на летото избегнувајте да нанесувате дебел слој крем. Вашата кожа е помрсна во текот на топлите денови, па затоа избегнувајте дополнително да ја храните со крема која е богата со масла. Можете да ја нанесете на подрачјето под очите, но прескокнете го челото, образите и брадата.
7. Пот
Пред вежбањето задолжително избришете го секој траг шминка. На тој начин потта послободно и побрзо ќе излезе надвор, а притоа нема да ги затвори портите.
8. Хормони
Еднаш месечно немаме контрола над сопственото тело. Во текот на менструацијата хормоните дивеат и тогаш најчесто ни се појавува по некое мозолче. Дишете длабоко и почекајте да помине.
Доколку се борите со акните, ви препорачуваме да го подготвите овој рецепт од козметичарката која се грижи за лицата на славните.