8 сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини

8 сјајни модни комбинации кои се идеални за дамите со облини

Драги дами со облини, на вас со сигурност ви завидуваат голем број жени, бидејќи сте женствени во вистинската смисла на зборот. Сè е на своето место, а гардеробата која ја носите треба да ви ласка. Доколку не сте сигурни кои комбинации би требало да ги носите оваа сезона, за да ја истакнете вашата женственост во вистинско светло, тогаш ние ви ги предложуваме следниве 8 модерни идеи.

5-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_

Боди во комбинација со тесни фармерки ќе ги истакне вашите облини на вистинскиот начин. За да ја надополните оваа комбинација, изберете сандали со еден ремен кои ќе ја издолжат вашата фигура. Освен тоа, бодито е доста популарно парче за оваа сезона, а бидејќи вие имате извонредни облини и рамен стомак, воопшто не треба да ве загрижува тоа како ќе изгледа заедно со фармерките.

Фустанот кој се стеснува во струкот е идеален за вас, бидејќи вие веќе имате тесен струк. Овој модел на фустан е идеален за формални прилики, но и за на работа, па затоа ќе можете да си поиграте со неговата должина која најдобро би било да биде до под колената. Освен тоа, дизајните и боите не се ваши непријатели, па добро размислете во врска со нив.

1-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_

Кратките фустанчиња може да ви прилегаат одлично, но тие мора да бидат токму по ваша мерка. Доколку не можете да го пронајдете идеалното парче за вас, обратете се кај некоја кројачка, која не само што може да ви создаде ново парче, туку може да го преправи и она што сте го купиле, а има некои недостатоци.

Белата боја не шири, а како идеална комбинација е изборот на бели панталони до зглобовите, салонки, боди блуза и секако, сако со рамно сечени линии. Сакото можете да го ставите преку рамената и ви гарантираме дека сите погледи ќе бидат свртени кон вас.

2-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_

Исечокот на здолништето делува доста секси, а и самиот преклоп ѝ ласка на вашата фигура. Бојата на кајсија е идеална за летните денови, а немојте да заборавите и на високите потпетици кои ќе го надополнат вашиот изглед и ќе направат да изгледате прекрасно.

Целосно тесниот фустан, од друга страна пак, може да изгледа уште посекси доколку нема шлиц, деколте, а должината до е под колена. Можеби на прв поглед ви звучи доста сведено, но со вистинската боја на фустан кој ќе биде припиен за вашето тело и облини ќе привлечете повеќе внимание отколку што можете да замислите. Високите потпетици во беж боја и подигнатото опавче ќе ја издолжат вашата фигура.

3-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_

Кроп топовите може прекрасно да ви прилегаат доколку не покажувате премногу стомак. Не поради облините, туку поради тоа што изгледа префинето. Поиграјте си со начинот на врзување на кошулата и дизајните кога е истата во прашање. Заедно со здолништето со висок струк и соодветните сандали ќе добиете сјаен изглед.

Туниката може да ве прелаже. Доколку ја носите без каиш, може да делувате доста крупно, додека со каиш, кој го истакнува вашиот струк, ќе изгледа сјајно. Не заборавајте, широката облека нема да направи да изгледате крупно доколку се послужите со соодветните детали.

4-8-sjajni-modni-kombinacii-koi-se-idealni-za-damite-so-oblini-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар