8 симптоми на скриена депресија кои може да се појават кај секого

8 симптоми на скриена депресија кои може да се појават кај секого

Депресијата е сериозна болест. Може да мислите дека само сте уморни, несвесно да ја прекривте состојбата со премногу работење, или пак да се преправате дека сте среќни. Тагата, демотивацијата, губењето физичка сила, се само некои од карактеристиките на оваа болест. Само лекар може да ви ја даде точната дијагноза, но некои од следниве симптоми можете да ги забележите и самите.

8-simptomi-na-skriena-depresija-koi-mozhe-da-se-pojavat-kaj-sekogo-kafepauza.mk

1. Филозофски мисли

Луѓето кои страдаат од скриена депресија обично разговараат за филозофски теми и користат апстрактни реченици. „Овие работи секогаш ми се случуваат мене…“ наместо „Не спијам доволно.“ „Ова нема смисла…“ наместо “Може да пробам со нешто друго.“ Како некое правило, луѓето со депресија сакаат да зборуваат за значењето на животот, и често го прават тоа. Нивните зборови може да бидат апстрактни и нејасни. Психолозите велат дека колку поконкретни се нечии мисли, толку се и поголеми шансите тој/таа да биде среќен/среќна.

2. Барање изговори

Луѓето со депресија често користат изговори за да ги прикријат нивните вистински желби и тага. На пример, често ќе смислат многу добра приказна за тоа зошто не можат да дојдат на роденденот на некој пријател, или пак зошто не можат да отидат на ручек со колегите. Убедливите изговори им се како маска бидејќи не сакаат да ги вознемируваат другите со нивната емоционална состојба.

3. Недостаток од соодветни реакции

Оние со депресија ја гледаат реалноста на поинаков начин. Тие може да се сложуваат со секого, да престанат да ги кажуваат своите мислења, да не забележуваат работи или пак воопшто да не чувствуваат болка во стресни ситуации, како на пример некој смртен случај.

4. Психосоматски нарушувања

Кога се во депресија, луѓето обично се жалат на болка во срцето, напнатост во рацете и нозете, потешкотии при дишењето, главоболки, болки во забите и други симптоми. Кога ќе отидат на лекар, резултатите покажуваат дека сè е во ред. Чувствувањето болка може да укажува на нестабилност. Болката предизвикува анксиозност и напнатост, а сето ова се претвора во еден циклус и личноста страда од психосоматска болка.

5. „Ментално џвакање“

Кога се во депресија, луѓето може да се опседнат со некои работи. Знаат дека бараат одговор, но овие опсесивни мисли нема да им ги решат проблемите. Наместо тоа, овие луѓе си создаваат илузија дека се обидуваат да најдат решение. Лесно е да забележите ако некој близок страда од опсесивни мисли. Често овие луѓе се отсутни, разговараат само за еден проблем, и наместо да делуваат, само зборуваат за проблемот.

6. Несреден изглед

Депресијата влијае и на изгледот на една личност. Ако некој престане да ја одржува својата хигиена или хигиената во домот, треба да се запрашате дали тој е во ред. Ова особено важи за луѓето кои се познати по нивната педантност.

7. Промена во продуктивноста

И овој знак е лош. Ако некој не може да се справи со секојдневните рутински обврски, заборава информации, често е уморен и смета дека бесцелно работи, сигурно има некој проблем. Важи и спротивното. Ако претходно неактивна личност почне премногу да работи, и тоа е знак за проблем. На овој начин луѓето со депресија се обидуваат да избегаат од нивните чувства и да најдат некакво значење во нивниот живот.

8. Голема среќа

Луѓето често ја кријат својата депресија зад доброто расположение. Поради ова, тие може да изгледаат како најсреќните луѓе на светот. Тие избегнуваат сериозни разговори и прават шеги од тешките теми. Обидете се да ги разберете и да им помогнете со долг и доверлив разговор.

Како да си помогнете себеси и на другите?

  • Ако сметате дека некој од вашите блиски страда од депресија, обидете се да разговарате со нив. Понудете ја вашата помош. Ако ве одбијат, оставете ги некој период и набљудувајте го нивното однесување.
  • Немојте да ги игнорирате проблемите на пријателите и роднините и никако не се шегувајте. Фразите како „Расположи се“, „Престани“ или „Смири се“ немаат никаков ефект во оваа ситуација.
  • Помогнете им со домашните обврски и секојдневните задачи. Депресијата користи голем дел од емоционалната и физичката сила на луѓето.
  • Не ја терајте личноста во депресија да води активен живот ако не е подготвена за тоа.
  • Земајте паузи ако сте во врска со личност во депресија за да не ја придобиете нивната состојба.
  • Заборавете на митот дека нема потреба од лекар. Побарајте професионална помош.
  • Бидете внимателни. Секоја насмевка или совршена објава на Инстаграм може да крие сериозни проблеми.

Погледнете ги и работите кои ги прават луѓето за да ја маскираат својата депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар