8 ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

8 ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

Би било убаво ако секој секс би можел да биде спонтан, без сите претходни подготовки, но вистината е дека речиси секоја жена мора да ги изврши своите мали ритуали пред да се впушти во сексуален однос. Ова се најчестите работи што жените ги прават пред сексот.

8 ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

1. Облекуваат комбинирана долна облека

Ваквата комбинација ќе направи жената да се чувствува посигурно во себе кога ќе ја соблече облеката.

2. Се депилираат

Несаканите влакна се една од најголемите причини зошто жените одбиваат да имаат секс.

3. Подготвуваат романтична и секси музика

Ако мажот со кој се забавуваат првпат доаѓа во кај нив дома, тие ќе се погрижат во позадина да свири сензуална музика што ќе ја разгори страста.

4. Внимаваат што јадат цел ден

Ако во текот на вечерта ги очекува „акција“, жените избегнуваат храната што предизвикува надуеност и гасови.

5. Проверуваат дали мирисаат добро

Мирисањето на пазувите додека се соблекуваат без партнерот да го забележи тоа, им е одлично усовршено на жените.

6. Се освежуваат „долу“

Жените користат марамчиња за освежување и спрејови, но најдобро би било да се истушираат заради чувствителноста на женските интимни делови.

7. Се прашуваат дали зеле пилула за контрацепција

Дури и во главите на најпедантните жени кои внимаваат на сè, непосредно пред сексот се појавува сомнеж дали зеле контрацепција.

8. Се насмевнуваат додека се гледаат во огледало

По депилирањето, освежувањето и облекувањето долна облека, останува само уште една работа – да се погледнат во огледалото, да се насмевнат и да кажат: „Изгледам феноменално!“

Прочитајте како да ја победите срамежливоста за време на сексуалниот однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар