8 растенија што не се лесни за одгледување

8 растенија што не се лесни за одгледување

Растенијата го збогатуваат просторот, го освежуваат воздухот и внесуваат здив на природата во вашиот дом, но некои од нив се доста тешки за одржување. Мелинда Мајерс, експерт за градинарство, посочува дека има растенија што можат да напредуваат совршено кај некои луѓе, додека кај други се сушат и венеат за многу кратко време. Главните причини за тоа се количината на светлина и влага во просторот. Посебен проблем е сувиот воздух во зима и слабата светлина. Постојат неколку растенија што обично успеваат во домовите, но тие се многу чувствителни и не се лесни за одржување. Овие 8 растенија обично знаат да им зададат грижа на сопствениците:

1. Лирски фикус

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PM Plant Me (@plantme.cl) on

Ова растение е многу популарно на социјалните мрежи, а веднаш по фотосесијата, треба да го вратите растението пред прозорецот. Сите видови фикус бараат многу и рамномерна светлина. Со каква било промена, лисјата ќе паднат многу брзо. Лирскиот фикус сака влажна почва, но не поднесува премногу наводнување.

2. Кадрав папрат

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rupert (@rupertatx) on

Папратот може да биде многу незгоден за одржување, а ако лисјата почнат да паѓаат, тој изгледа многу неуредно. Овие популарни висечки растенија сакаат влага и затоа изгледаат убаво во текот на летото, но страдаат на сувиот зимски воздух.

3. Спатифилум

8 растенија што не се лесни за одгледување

Спатифилиумот е популарен затоа што има широки лисја и привлечни цвеќиња, но ако заборавате да ги наводнувате растенијата, тој не се за вас. Без вода, ова растенија се распаѓа брзо, а повторно ќе цвета по наводнувањето, но еден ден нема да се случи ни тоа. Не треба да биде изложено на директна светлина од отворени прозорци (без завеси) и може да биде чувствително на хемикалии како хлор и флуорид во водата, што може да предизвика дамки на листовите.

4. Дрво од Мадагаскар

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jardim da Wilma (@jardimdawilma) on

Ова растение е популарно во уредувањето на ентериерот бидејќи е високо и изгледа многу убаво. Потребни му се соодветни услови: малку влажна почва и влага, во спротивно ќе ги изгуби лисјата и ќе има кафеави врвови. Мора да биде во сенка затоа што директната сончева светлина ги гори лисјата и треба повремено да ги прскате со вода за да останат влажни, но не премногу.

5. Венерина муволовка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candy Floriculture (@candy_floriculture) on

Овие растенија најдобро успеваат во терариум затоа што сакаат влага. Ретко успеваат во стан со сув воздух. Покрај тоа, тие јадат бубачки, така што треба да ловите и да обезбедите храна за ова растение.

6. Кротон

8 растенија што не се лесни за одгледување

Ова се растенија што често се појавуваат на есен, кога на зелените лисја имаат изразено портокалова, жолта и црвена боја, па изгледаат како убав додаток на есенските декорации. Но, тие се многу чувствителни растенија, особено на слаба светлина и провев. Исто така, тие се многу чувствителни на наводнување. Ако ги чувате во некој темен агол, тие ќе ја изгубат светлата боја, но ако ги преместите на светло, може да им паднат лисјата.

7. Гарденија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew & Jared (@gayswhogarden) on

Иако гардениите се прекрасни, имаат благ мирис, светлозелени лисја и изгледаат како да се отпорни, тие се всушност многу тешки за одгледување. Сакаат силна светлина и кисела почва, а во зима кога нема доволно светлина, тие едноставно не напредуваат. Тие не се отпорни на многу видови штетници, па ако не ги убие недостатокот на светлина, тоа ќе го направат штетниците.

8. Детски солзи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plant (@plant_guelph) on

Ова растение е многу популарно поради неговата светлозелена боја и нежните кружни лисја. Во соодветни услови, може брзо да расте и да се шири, но тешко е да се погодат совршени услови за одгледување во затворено. Тешко е да се задржи растението влажно без да изгние. Затоа, најдобро е да се одгледува во терариум.

Погледнете како да го украсите домот со овие необични растенија во форма на медузи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар