8 работи што можат да ги разберат само оние кои се посвоени

8 работи што можат да ги разберат само оние кои се посвоени

Тешко е да се живее без родители. Во некои домови за деца без родители условите се одлични, но во некои, децата не ги добиваат потребните грижа и внимание. Сепак, колку и да се добри условите и колку и да е голема љубовта на негувателките, ништо не може да ја замени родителската прегратка. Токму затоа, посвојувањето за децата без родители претставува еден посебен настан, неизвесен, страшен и возбудлив истовремено. Ова се 8-те работи што само луѓето кои биле посвоени ќе ги разберат…

8 работи што само луѓето кои се посвоени ќе ги разберат

1. Многу им е значаен денот кога биле посвоени

Многу деца сакаат да го прослават денот кога биле посвоени. Тоа е денот кога нивните нови родители официјално ги посвоиле. Тогаш, децата имаат можност да ја покажат својата благодарност и љубов кон семејството.

2. Не знаат ништо за нивната медицинска историја

Ова не важи за сите деца кои биле посвоени, но некои од нив не знаат ништо за семејството од каде што потекнуваат. Тоа значи дека немаат поим дали имаат предиспозиции за некои болести и здравствени проблеми.

3. Не личат на нивните родители

Некои посвоени деца многу си личат со новите родители, па така никој не може да препознае дека биле посвоени. Но, некои немаат никакви сличности со семејството во кое живеат и понекогаш добиваат чудни погледи од непознатите луѓе кои ќе ја забележат разликата.

4. Не ги избрале нивните родители, но тие ги избрале нив

Постои една изрека што гласи „Не можете да си го изберете семејството“, но некои луѓе можат! Родителите кои сакаат да посвојат дете имаат можност да изберат едно од домовите. Одбраното дете им е неизмерно благодарно и не може да си го замисли животот без нив.

5. Не знаат како изгледа ниту еден член од нивното вистинско семејство

Посвоените деца најчесто немаат поим како изгледаат нивните родени мајка и татко.

6. Се прашуваат каков би им бил животот кога не би биле посвоени

Повеќето од нив најверојатно не би ги имале истите привилегии и луксузи што ги имаат денес. Посвојувањето може да биде вистински благослов, бидејќи нуди шанса за подобар живот.

7. Документација

Посвојувањето вклучува средување многу документи. Па затоа, на посвоените деца понекогаш им е потешко да добијат лични документи, како што е пасошот на пример. Тоа малку им го комплицира животот.

8. Треба да направат разлика помеѓу нивната биолошка мајка и старателка

Најчесто, за овие луѓе постои само една вистинска мајка, а тоа е таа што ги посвоила.

Иако не се крвно поврзани со семејството, врската помеѓу нив е многу силна. Посвојувањето е малку невообичаен процес и понекогаш потребно е да се даваат многу објаснувања. Сепак, за повеќето деца без родители, тоа е најубавото нешто што можело да им се случи.

Прочитајте ги и следниве 4 лаги за процесот на посвојување деца во кои мора да престанете да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар