8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

На почетокот на врската зборовите може да бидат многу збунувачки и да ве натераат да бидете во дилема за тоа што чувствува партнерот за вас. Мажите кои ја совладале уметноста на заведувањето знаат што точно да кажат за да ве заведат. Но, овие зборови што ќе ги прочитате во продолжение имаат скриено значење и ги докажуваат љубовта и посветеноста на партнерот кон вас.

8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

1. „Ме инспирираш.“

Секој може да ви каже дека изгледате убаво и секси. Секој може да ви каже дека ве посакува.

Но, вашата сродна душа ќе црпи инспирација од вас и ќе почне да се однесува поинаку кога ќе почнете да се состанувате. Тој ќе почне да прави долгорочни планови со вас и ќе се обиде да направи нешто повеќе со својот живот отколку што правел пред да ве запознае.

2. „Не сакам да се состанувам со некоја друга или ти да се состануваш со некој друг.“

Ова треба да биде прилично јасно. Ако тој сака да ве задржи, многу рано ќе каже дека не сака никоја друга освен вас.

3. „Би сакал да дојдеш со мене во…“

Ова може да се однесува на забавата што ја организира неговата компанија, во неговиот духовен центар, во неговиот омилен ресторан или на кое било друго место каде што ќе ве запознае со најблиските пријатели. Ако го стори тоа, тој сака да бидете вклучени во најважните делови од неговиот живот.

4. „Сакам да ти помогнам со…“

Ако тој постојано ви помага во некои обврски или поправки, тогаш тоа значи дека се грижи за вас.

5. „Сакам да те запознаам со моето семејство (или со најблиските пријатели).“

Иако можеби сè уште не ви признал дека ја планира иднината заедно со вас, тој сака да види дали неговото семејство ви се допаѓа, дали вие им се допаѓате ним и дали се чувствувате како дома таму каде што тој се чувствува како дома.

6. „Пресели се кај мене.“

Ако тој сака секој ден да бидете до него кога ќе се разбуди, тоа значи дека е многу поврзан со вас. Ако партнерот сака да биде со вас секој ден, тоа значи дека тој мисли дека вие сте вистинската и сака да го помине животот со вас.

7. „Кога ќе стапиме во брак / ќе имаме деца / ќе се преселиме на друга локација…“

Ако тој ги кажува овие работи, не само што сака да живеете заедно, туку сака да бидете покрај него кога ќе ги остварува своите главни цели.

8. „Те сакам.“

Овие три збора може да се појават во секое време од патувањето. Ако постојано ви повторува дека ве сака, тоа покажува дека е грижлив и комуникативен човек и сака да ве израдува.

Прочитајте кои 3 несомнени знаци откриваат дека тој се вљубува во вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар