8 работи кои не смеете да ги правите по царскиот рез

8 работи кои не смеете да ги правите по царскиот рез

Царски рез е операција во која бебето се пораѓа преку пресек на стомачниот ѕид и матката. Како и за секоја друга операција, така и за царскиот рез, потребно е време за да заздрави раната. Заздравувањето обично трае 6 недели, а во текот на тој период жената треба да внимава и да одбегнува некои работи. Во продолжение дознајте што мајките не смеат да прават додека заздравуваат од царски рез…

8 работи кои не смеете да ги правите по царскиот рез

1. Не подигнувајте ништо тешко. Првите 6 недели по царскиот рез, жените не би требало да подигнуваат ништо потешко од нивното новороденче. Освен тоа, треба да ги одбегнувате домашните обврски за да може раната да заздрави.

2. Немојте да возите. За жените кои поминале низ царски рез не се препорачува да седнат зад воланот, барем 6 недели по операцијата. Некои движења ќе ви бидат болни дури и неколку месеци по породувањето.

3. Не заборавајте да пиете доволно течности. По царскиот рез, многу жени имаат проблем со столицата бидејќи стомакот им е многу чувствителен. Поради тоа, многу е важно да пијат доволно вода, да се хранат здраво и да се движат што е можно повеќе за да се активираат цревата. И не грижете се: Нема да ви се скинат конците при вршење голема нужда.

4. Одбегнувајте да спиете на стомак. Ако спиете на стомак, на раната ќе ѝ треба повеќе време да заздрави, поради тоа што конците ќе бидат изложени на постојан притисок. Спиењето на грб или на страна ќе ви биде многу попријатно. Спиењето на лева страна им се препорачува и на луѓето кои имаат проблем со висок крвен притисок. Можеби преместувањето ќе ви биде непријатно, па дури и болно, но кога ќе се наместите во вистинската позиција, ќе се чувствувате многу подобро.

8 работи кои не смеете да ги правите по царскиот рез

5. Одбегнувајте ги сексуалните односи. Немојте да имате секс првите 6 недели по операцијата, бидејќи ќе ви биде непријатно и ќе чувствувате болка, а и на раната ќе ѝ треба време за да зарасне.

6. Одбегнувајте качување по скали. Немојте да ги користите скалите барем две недели по царскиот рез. Ако вашата спална соба се наоѓа на повисок спрат, преместете се некое време на приземје за да не мора да одите горе-долу по скали неколку пати дневно. Кога ќе почнете да ги користите скалите, одете бавно и внимателно. Замолете некој да ви помогне додека одите за да можете да се потпрете на него, ако имате потреба. Доколку почувствувате болка или се изморите додека одите по скали, застанете и одморете се. За да можете да се движите лесно и безболно, почнете да носите лесен појас кој можете да го најдете во продавниците за трудничка облека.

7. Побарајте лекарска помош ако забележите проблеми со здравјето. Доколку имате висока температура или чувствувате болка која никако не поминува, туку станува сѐ посилна, немојте да го занемарите тоа. Веднаш побарајте лекарска помош, бидејќи можеби станува збор за инфекција.

8. Одбегнувајте бањање во када. Немојте да се бањате во када, во јавни базени или во врели купки сѐ додека не заздрави раната и не престане со крвавење. Наместо тоа, користете го тушот и одбегнувајте ставање тампони.

Во продолжение прочитајте ги овие 3 вистини за мајките кои поминале низ царски рез што сите треба да ги знаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар