8 работи кои ги прават луѓето кои си го сакаат животот
Моментот во кој си го засакуваме својот живот онаков каков што е претставува голем личен успех. Тешко се постигнува, а трае само одредено време додека се појави некој друг проблем кој ќе нè натера пак да тежнееме кој тој момент. Секој од нас понекогаш си го сакал животот, понекогаш не, но има неколку работи по кои може да се препознае дали сме стигнале до таму.
1. Луѓето кои си го сакаат животот не се трудат да ги направат другите исти како нив
Тие сфатиле дека за да си го сакаш животот треба да се прифатиш себеси. Во тој момент човек престанува да копнее по туѓото ласкање и одобрување. Ако некој не ги сака, баш им е гајле за тоа. Тие си го сакаат животот, знаат какви сакаат да бидат и им дозволуваат и на оние околу себе да бидат свои. Притоа, учат само како на мирен начин да се справат со оние кои не се исти како нив и кои не го разбираат нивниот свет.
2. Тие ги прават работите затоа што така сакаат
За нив не постои „требање“ да се направи нешто. Тоа што „треба“ да се направи не е нешто кое е наметнато од некој друг и не служи за постигнување среќа туку за исполнување на некои културни и општествени цели. Луѓето кои си го сакаат својот живот го прават она што сакаат да го прават, а не она што треба, затоа што тоа е патот до себеспознавањето, себеприфаќањето и среќата.
3. Сами си ги завршуваат своите работи
Според народната поговорка На волкот му е дебел вратот затоа што сам си ја коле овцата, оние кои стигнале до состојба на среќа знаат дека треба сами да си ги завршат работите за да успеат.
4. Кога ќе ги прашате што работат, фокусот го ставаат на активностите
Нема да ви кажат кое е нивното работно место туку што прават. На пример, наместо да рече дека е наставник, ќе рече дека предава англиски на деца. Можеби некогаш ќе каже дека е наставник за подобро да биде сфатен/а од соговорникот, но потоа ќе продолжи со смислата на она што го прави на работното место.
5. Живеат во моментот, а сонуваат за иднината
Тие сфатиле дека само животот во сегашноста е оној кој се важи и дека треба да се сонува иднината за таа да се претвори во убава сегашност. Знаат дека животот може да биде убав и претпоставуваат дека иднината е убаво место кон кое одат.
6. Имаат сопствена филозофија и религија
Ним не им требаат книги кои учат за одредена религија или филозофија во кои тие треба да веруваат. Се интересираат и за нив, но на крајот самите формираат своја филозофија на живеење која одговара на нивните потреби и желби, затоа што само така можат да се засакаат себеси и својот живот.
7. Го прифаќаат фактот дека не се вечни
Го сакаат животот каков што е и го прифаќаат фактот дека нема вечно да бидат тука. Свесноста дека еден ден ќе умрат им овозможува да созреваат без да гледаат назад. Затоа тие не им кажуваат на помладите дека треба да го живеат животот како нив кога биле помлади, ниту се трудат да се подмладат кога остаруваат. Не можат да ја контролираат смртта, но можат да го контролираат животот.
8. За нив животот е едно големо игралиште
Секој си има свое гледиште на светот, а нивното е дека тоа е едно големо игралиште и дека тие се тука дојдени да играат. Каква сака нека биде играта сè додека тие се забавуваат и победуваат.