8 продукти кои се покорисни за женското здравје од суперхраната
Некои продукти се покорисни од други – имаат повеќе витамини, минерали и антиоксиданси. Тие се наречени суперхрана и некои од нив се авокадо, чиа семки, лосос, спирулина… Но дали и „обичните“ прехранбени производи како лукот, доматите и кокосот се добри за женското здравје?
1. Лукот е добар за срцето и коските
6 чешниња лук содржат 17% од препорачаната дневна доза за витамин Б6 и 23% манган. Лукот помага по напорна физичка активност. Покрај тоа, бидејќи нивото на естроген се намалува по менопаузата, коските стануваат послаби. Половина чешне лук е доволно за да се заштитите од остеопороза.
2. Говедско месо за ПМС и анемија
100 грама говедско место содржи 53% цинк, 40% витамин Б12, 16% железо и 12% витамин Б2 од препорачаната дневна доза. Помага со симптомите на ПМС и го надополнува изгубеното железо во текот на менструацијата. Цинкот е одличен и за вашите нокти и коса.
3. Кељот штити од катаракта и брчки
70 грама кељ содржи 81% витамин Ц и 137% витамин К од дневната препорачана доза. Жените почесто страдаат од катаракта и глаукома, а кељот е одличен за здравјето на очите. Покрај тоа, витаминот Ц помага во производството на колаген, со тоа забрзувајќи го зараснувањето на раните и ја спречува појавата на брчки.
4. Доматите штитат од изгореници, депресија и рак на дојка
170 грама домати содржат 47% витамин А, 42% витамин Ц и 11% витамин Б9 од дневната препорачана доза. Витаминот А е важен за косата и кожата, а ликопенот во доматите ја штити кожата од изгореници. Витаминот Б9 го поттикнува растот на клетките и е одличен за бремени жени. Витаминот Б9 исто така штити од депресија и рак на дојката.
Продолжува на следната страница…