8 проблеми во врската кои едноставно не можете да ги решите
Одвреме-навреме, секој пар се соочува со одредени проблеми во врската. Дури и најсовршената врска може да наиде на пречки на патот. Понекогаш станува збор за лесно минливи ситуации кои со доволно разговор можат брзо да се пребродат. Ако проблемот во вашата врска е тоа што не поминувате доволно време заедно, тоа лесно можете да го решите така што ќе си одвоите еден ден во неделата за да направите нешто што никогаш досега не сте го правеле заедно. Но, што се случува со оние потешките проблеми, кои едноставно не можат да се надминат дури ни ако се трудите? Важно е да ја препознаете разликата помеѓу нив со цел да го откриете следниот чекор во вашата врска. Следуваат неколку проблеми кои најчесто не можат да се надминат, и со кои најдобриот начин на справување е доколку ставите крај на самата врска.
1. Си замерувате еден на друг
Дали го обвинувате партнерот за тоа што не сте ги следеле своите соништа? Дали тој/таа ви одговара отсечно и кратко со доза на сарказам и иронија? Ако забележите дека сè повеќе му ја префрлате вината на партнерот за сопствениот неуспех, нешто не е во ред во вашата врска. Вие сте незадоволни и неисполнети и ваквите чувства ќе ги расклатат темелите врз кои сте ја граделе врската и со тек на време големи се шансите и дека ќе ги срушат.
2. Непотребно се карате
Дали и вашите обични разговори за тоа како ви поминал денот прераснуваат во жестоки караници? Понекогаш вашето размислување се разликува од она на партнерот и во ред е да останете доследни на себе и да го браните својот став, но не мора секогаш да докажете дека сте во право. Согласете се дека не се согласувате. Но, ако некој од вас постојано бара нови причини за кавга, можеби треба да размислите дали потсвесно сакате да постигне нешто со тоа.
3. Постои хронично неверство
Во ред е да простите неверство доколку можете и доколку партнерот отворено разговара со вас и ви докаже дека ја оставил аферата зад себе. Но, не заборавајте дека не сте должни да трпите такво однесување! Неверството секогаш ги повредува чувствата и не свикнувајте да живеете во таква врска.
4. Вашиот партнер е далечен и мистериозен
За секоја врска е здраво партнерите да поминуваат одредено време одвоени еден од друг, за да можат да си се посветат себеси и на своите лични интереси. Меѓутоа, хобито на вашиот партнер не смее да биде државна тајна! Постои разлика помеѓу приватност и таинственост. Ако забележите дека партнерот не сака да ви каже каде го поминува времето кога не е со вас, можеби е време за разговор во четири очи.
5. Вашите сексуални потреби не се согласуваат
Значењето на редовниот и квалитетниот сексуален живот не смее да се потценува, особено ако се работи за долгогодишна врска. Ако вие сте прилично отворени со вашата сексуалност, а вашиот партнер не сака да ги споделува неговите желби и потреби, можно е да изгубите интерес. Да, сексот не е најважен во една врска, но неговиот недостаток може да доведе до голем број фрустрации кои ќе се канализираат и во други сегменти од вашата врска.
6. Вашиот партнер ве оттурнува од себе
Дали вие сте тие што последни дознавате за неговото унапредување на работа? Ако вашиот партнер не сака да сподели ништо со вас и не ви покажува доволно нежност, тоа кај вас ќе развие чувство на гнев и нервоза. Не губете време. Не ви треба некој кој не сака да бидете блиски и не покажува никаков интерес за вас и вашиот живот.
7. Вашиот партнер мисли само на себеси
Неговите потреби се секогаш на прво место, а на вашите потреби не им придава никаква важност. Не ни помислувајте на компромис. Тој никогаш нема да се појави на некој ваш важен настан, ако треба да оди на пиво со пријателите. Не заборавајте дека вие вредите многу повеќе од тоа!
8. Не се разбирате
Никогаш не можете отворено да разговарате за вашите проблеми ако не се чувствувате пријатно да споделувате лични работи со вашиот партнер. Можеби се плашите дека ќе го разлутите или дека работите што ќе ги кажете ќе бидат злоупотребени, но ова може да прерасне во поголем проблем. Проблематично е кога едниот од вас не ги искажува своите емоции и тие само се натрупуваат. Ако го правите ова, имајте на ум дека се ближи денот кога сите тие чувства што толку долго сте ги потиснувале ќе избијат на површина како вулканска лава, а после кажаните лоши зборови нема враќање назад.
Секако дека ако постои доволно волја и упорност од страна на двајцата партнери можно е да се пребродат сите проблеми што ќе се појават. Но, ако се чувствувате како само вие да вложувате напор а немате повратна реакција, подобро е да се ослободите себеси од врска која не ви носи ништо друго освен стрес и разочарувања.