8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Знаевте ли дека пешачењето помага во намалување на ризикот од речиси сите хронични заболувања и многу лекари го сметаат за „чудотворен лек“? Она што го прави пешачењето најдобрата вежба за вашето здравје е тоа што не е премногу напорно за вашите зглобови и срце, па има поголемо позитивно влијание на целокупниот организам. Иако можеби интензивните тренинзи побрзо даваат резултати, тие сепак можат да им наштетат на вашите коски и зглобови. Па, погледнете ги придобивките што ќе ве натераат да почнете со пешачење уште денес.

1. Го регулира крвниот притисок

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Едно истражување спроведено од Корејскиот институт за спорт во Сеул покажало дека секојдневното пешачење од 40 минути го намалува крвниот притисок кај луѓето со хипертензија. Оние кои пешачеле по 40 минути дневно без паузи забележале намалување на крвниот притисок за 5 поени. Луѓето кои го поделиле пешачењето на четири 10-минутни прошетки забележале намалување од 3 поени. Лекарите кои работеле на истражувањето заклучиле дека важно е секој да го одбере темпото коешто најмногу му одговара за постигнување на посакуваните резултати.

2. Помага во борбата против рак на дојката

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Американското здружение за рак препорачува сите возрасни да вежбаат 150 минути неделно со умерен интензитет, или 75 минути неделно поинтензивно вежбање. Истражувањата откриле дека пешачењето од 7 часа неделно го намалува ризикот од рак на дојка по менопаузата за 14%. Жените кои пешачеле 7 часа неделно со побрзо темпо имале 25% помали шанси да добијат дијагноза за рак на дојката. Истражувањето смета дека има голема поврзаност помеѓу физичката активност, особено пешачењето и заштитата од рак на дојката.

3. Го намалува ризикот од дијабетес

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Едно истражување од 2012-та година покажало дека поминувањето 3.000 до 7.500 чекори дневно ефективно го спречува дијабетесот тип 2. Исто така, истражувачите ги советуваат луѓето да прават „паузи“ по неколкучасовно седење и да одат на прошетка или да направат неколку едноставни вежби. Со други зборови, пешачењето го намалува нивото на шеќер во крвта, кој пак е одговорен за појавата на дијабетес тип 2.

4. Помага во производството на витамин Д

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Научниците од Универзитетот во Онтарио спровеле истражување коешто траело 30 години и заклучиле дека витаминот Д е поврзан со кршливите коски, скршениците и тешкотиите при одењето. Еден од начините да добиете доволно витамин Д е да пешачите 15-30 минути дневно додека надвор има сонце. На овој начин создавате јак штит против рак, мултиплекс склероза и дијабетес. Се разбира, не заборавајте да нанесете заштитна крема.

5. Ја зголемува креативноста

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Едно истражување од Универзитетот Стенфорд покажало дека креативноста се зголемува додека луѓето пешачат и се задржува на тоа ниво кратко го прекинувањето на прошетката. Опкружувањето немало никаква улога бидејќи и внатре и надвор креативноста се зголемувала. Многу луѓе имаат изјавено дека некои од нивните најдобри идеи ги добиле додека пешачеле.

6. Го зајакнува имунитетот

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина откриле дека секојдневните прошетки од 30-45 минути се одличен начин да го заштитите телото од настинки. Имунитетот бил значително појак дури и неколку часа по пешачењето. Овој ефект докажано го заштитува човечкото здравје по неколку повторувања.

7. Ја намалува потребата за шеќер

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Едно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Екстер покажало дека кратките прошетки можат да ја намалат вашата желба за чоколадо, па дури и да го намалат количеството слатки што ги консумирате во стресни ситуации. Всушност, истражувањето покажало дека без разлика на видот на вежбите, физичката активност помага во контролирањето на желбата за благо. Интересно е што стресот нема улога во консумирањето поголемо количество чоколадо и други слатки работи.

8. Го забавува стареењето

8 придобивки од пешачењето за кои веројатно не сте знаеле

Резултатите од најдолгото клиничко истражување за поврзаноста помеѓу стареењето и пешачењето покажале дека пешачењето е еден од најефективните начини да се избегне губењето на подвижноста, која често доаѓа со стареењето. Исто така, друго истражување покажало дека вежбањето не само што ја затегнува кожата, туку го забавува стареењето. Како најкорисни вежби за ова се покажале пешачењето и таи-чи.

Пешачењето е здраво и прекрасно хоби кое го подобрува вашето физичко и ментално здравје. Се разбира, не треба да очекувате да се случи чудо за само еден ден, но сигурно ќе ги забележите придобивките подоцна во животот.

Погледнете и колку треба да пешачите за да почнете да слабеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар