8 причини зошто треба да им заблагодарите најмногу на оние кои ве повредиле во животот

8 причини зошто треба да им заблагодарите најмногу на оние кои ве повредиле во животот

Секој човек, барем еднаш во својот живот, доживеал неизмерна болка од личност која премногу ја сакал. Но, овие искуства, иако во моментот ви изгледаат како да се крај на вашиот свет, сепак со тек на време можат многу позитивно да ви влијаат. Вие подобро ќе се спознаете, ќе научите точно што сакате, но и ќе станете посвесни за нештата кои се случуваат во и околу вас. Па, зошто би требало да им бидете благодарни на оние кои ве повредиле наместо да ги мразите за тоа што ви го сториле?

8 причини зошто треба да им заблагодарите најмногу на оние кои ве повредиле во животот

1. Оние кои имале способност да ве повредат најмногу се и оние кои вие сте биле способни да ги сакате најмногу. Вам не можат да ви влијаат луѓето кои не се наоѓаат длабоко во вашето срце. Па, без разлика каде сте сега, вие треба да бидете среќни затоа што сте познавале личност која имала клучно место во вашиот живот и од која сте можеле да научите многу за себе.

2. Тешките врски најчесто ве туркаат да го промените вашето однесување на подобро. Кога се чувствувате беспомошно, вие учите како да се грижите за себе. Кога се чувствувате искористено, вие почнувате да ја препознавате вашата вредност. Кога се чувствувате заглавено, сфаќате и дека секогаш има излез. Кога се чувствувате повредено, вие развивате емпатија за оние кои поминуваат низ слични потешкотии…

3. Тоа што го учите и што станувате е многу поважно од моменталните чувства. Можеби оваа ситуација ви делувала како неиздржлива во одреден момент од животот, но верувајте тоа чувство поминува. Она што останува се мудроста и знаењето кои ќе ве следат до крајот на вашиот живот. Токму тие ја поставуваат основата за полесно издржување на сите идни потешкотии.

4. Вие не сте ги сретнале овие луѓе случајно, тие биле вашите учители. Една мудра личност еднаш кажала дека сите ние сме ѕвезди кои мислат дека умираат сè додека не сфатиме дека претвораме во супернова и стануваме попрекрасни од кога било претходно. Понекогаш е потребен контрастот на болката со цел да научиме како да го цениме она кое го имаме.

5. Дури и доколку не било ваша вина, тоа е ваш проблем и само вие можете да одберете што ќе правите понатаму. Вие имате право да бидете бесни и да ги мразите сите атоми од нечие постоење, но исто така имате право да одберете и мир. Ако им заблагодарите, вие ќе им простите, а ако им простите, вие ќе сфатите дека спротивноста на омразата е мудроста. Наоѓањето мудрост во болката е способност која може да ви помогне лесно да се справувате дури и со најголемите животни проблеми.

6. Луѓето кои надминале многу потешкотии се истите оние кои се многу помудри, подобри и посреќни. Тоа се случува бидејќи тие се соочиле со големи проблеми кои потоа успеале да ги надминат. Тие целосно ги доживеале нивните чувства, научиле од ситуацијата и се развиле како личност. На тој начин се создава емпатија и поголема свесност кон своите емоции, како и кон емоциите на другите луѓе што им помага многу подобро да живеат.

7. Тие ви покажале што заслужувате. Овие врски не ве повредиле вистински, туку ви покажале еден дел од вас, дел кој ве спречувал да доживеете вистинска љубов. Откако ќе ги надминете овие лоши и болни искуства, вие ќе сфатите дека вредите многу повеќе и ќе одбирате многу подобро затоа што знаете дека заслужувате.

8. Кога вистински ќе се помирите со нешто, вие ќе можете да кажете „Ти благодарам за тоа искуство.“ Ако сакате да продолжите понатаму, вие мора да препознаете која цел ја имало тоа нешто и што можете да научите од него. За целосно да го прифатите вашиот живот, со сите свои подеми и падови, вие мора да им бидете благодарни и на добрите, но и на лошите лекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар