8 причини зошто никогаш не треба да си играте со тивките луѓе
Луѓето кои не зборуваат многу, честопати се претопуваат во средината. Понекогаш, не ни забележуваме дека се присутни. Но, вистината е дека тивките луѓе се полни со одлични идеи и внимателно го слушаат она што се случува околу нив. Иако нема ништо лошо во тоа да се биде интровертен, тивките луѓе најчесто се многу погрешно разбрани.
Останатите прават секакви погрешни претпоставки за нив и во најголем број од случаите ги проценуваат како неинтелигентни. Тивките луѓе се сметаат за слаби и покорни, но тоа е далеку од вистината. Овие поединци се обично многу силни и креативни. Иако тие делуваат како лесна мета за исмевање и малтретирање, верувајте дека изгледот понекогаш лаже. Ова се 8-те причини зошто никогаш не треба да си играте со тивките луѓе…
1. Тие слушаат сѐ
Тивките луѓе обрнуваат внимание на сѐ што се случува околу нив. Тие ве слушнале кога минатата недела сте кажале дека мразите пајаци. Можеби вие воопшто не сте ги забележале, но тие знаат кој е вашиот најголем страв. Тивките луѓе слушаат сѐ и размислуваат многу длабоко. Тие зборуваат само кога навистина имаат што да кажат за разлика од останатиот свет.
2. Имаат извонредна моќ за набљудување
Тивките луѓе го разбираат говорот на телото многу подобро од останатите луѓе. Тие лесно можат да забележат кога некој лаже и не ја кажува вистината. Нема да можете да ги измамите толку лесно колку што мислите.
3. Не значи дека се слаби само затоа што не се гласни
Само затоа што тивките луѓе не се напорни и гласни, не значи дека ќе паднат ако ги турнете. Овие поединци се многу силни кога има потреба за тоа. Немојте да ги потценувате!
4. Знаат како да се социјализираат
Само затоа што некој е тивок, не значи дека не знае да зборува течно. Повеќето тивки луѓе одлично комуницираат и добро се согласуваат со останатите.
5. Нема да го толерираат лошото однесување
Само затоа што некој човек не зборува многу, не значи дека ќе ви дозволи да го газите. Тие се воздржуваат додека не решат дека треба да го возвратат ударот. Освен тоа, ако се однесувате лошо со некого само затоа што е поинаков, тоа значи дека нешто не е во ред со вас.
6. Знаат да бидат гласни
Тивките луѓе можат да бидат исто толку гласни колку и вие кога сакаат. Имаат глас и знаат како да го користат. Можат да бидат најзабавната личност во просторијата, ако сакаат.
7. Многу се решителни
Тивките луѓе знаат како да ја придобијат туѓата доверба. Тие се решителни и добро соработуваат со останатите. Само затоа што се тивки, не значи дека не вреди да разговарате со нив.
8. Тивки се
Тивките луѓе можат да го поминат целиот нивен живот без никој да ги забележи. Тие можат да прават работи, без да забележите дека се присутни. Ако мислите дека можете да си играте со тивок човек, треба да знаете дека сте во голема заблуда.
Во продолжение прочитајте кои се 24-те работи што тивките луѓе секојдневно ги трпат.