8 причини зошто би требало да се заљубите токму во девојката со црвен кармин
Постои нешто необјасниво кај девојката која носи црвен кармин. Нешто што може да се почувствува, но што не може соодветно да се објасни со зборови. Сигурно сте ја забележале, бидејќи таа лесно се издвојува од останатите. Но, зошто таа е најдобар избор за вас? Прочитајте…
1. Таа не е очајна за да ве бакне (и токму тоа ја прави неодолива)
Доколку влезете во дискотека или бар и добро ги погледнете девојките, ќе забележите дека поголемиот дел од нив носат проѕирен сјај на своите усни. Токму тоа е еден од најголемите знаци кои укажуваат на фактот дека тие се очајни за бакнеж, па плашејќи се да не ги избркаат момците со силниот кармин целосно го отфрлаат од својот изглед.
Девојката со црвен кармин воопшто не се грижи дали таа вечерта ќе се бакне со некој или не. Тоа не е нејзината мисија. Таа излегла да танцува, да се забавува, да запознава нови луѓе како и да се дружи со своите пријатели. Таа исто така знае и дека нејзиниот кармин ќе ги привлече само најхрабрите момци, па токму затоа таа би бакнала само личност која не се грижи дали на неговото лице ќе остане малку црвен кармин.
2. Таа е неверојатно секси
Нејзините усни се софистицирани, сензуални, страсни и исполнети со тајни и сексуална енергија. Девојката која одбира да привлече внимание со овој дел од себе е силно свесна за нејзината сексуална моќ. Таа сака вие да гледате во нејзините усни и да фантазирате како ги бакнувате.
3. Таа има неверојатно висока самодоверба
Не постои друг збор како самодоверба во нашиот јазик кој соодветно може да ја објасни суштината на девојката која носи црвен кармин. Таа е индивидуа која ги остава сите без здив, движејќи се храбро низ животот со помош на својата неверојатно висока самодоверба. Таа со својот кармин го напаѓа светот и одбива да биде што било помалку од она што навистина е.
4. Таа е класична убавица
Без разлика на нејзиниот стил, девојката која одбира силен црвен кармин за своите усни чувствува слатка носталгија за дамите од минатото и не ѝ се допаѓаат новите трендови на „природна убавина“. Таа е сè освен здодевна и токму тоа се обидува да го покаже со својот смел изглед. Токму затоа е вистинско (и винтиџ) освежување помеѓу останатите девојки околу вас.
5. Таа повеќе ја цени модата отколку функционалноста
Секоја девојка која дозволила кармин со силна црвена боја да се најде во нејзината козметика знае дека оваа боја воопшто не е лесна за носење. Потребно е соодветно планирање на облеката, но и постојано проверување дали карминот е на своето место. Таа би требало да биде бестрашна за да одлучува постојано да го одржува овој стил, а во нејзината ДНК треба да постои нешто кое постојано ќе ја тера да презема ризици, а тоа најмногу се објаснува преку фактот што таа никогаш не знае кога може да погледне во огледалото и да забележи дека има малку кармин на еден од нејзините заби…
Девојката со црвен кармин секогаш ја одбира модата пред функционалноста и во секое време е подготвена да чувствува мала непријатност со цел да придонесе за општиот гламур и убавина во светот. Во денешниот модерен свет овие девојки се реткост, може дури и да се каже дека се загрозен вид, но тоа не значи дека немате доволно среќа да налетате на една од нив… Токму затоа доколку ја забележите, особено во текот на денот, веднаш пристапете ѝ и кажете ѝ колку прекрасно таа изгледа. Овој смел чекор без сомнение ќе ви се исплати понатаму.
6. Таа не се плаши да се обврзе во свет без обврски
Носењето црвен кармин е ултимативно козметичко обврзување, па токму затоа воопшто не нè чуди тоа што сè помалку девојки го одржуваат овој стил. Вие би требало да ја одберете девојката со црвен кармин само затоа што нејзиното длабоко чувство на обврзување може да се пронајде јавно изложено на нејзиното лице, преку карминот. Црвениот кармин може да остави дамки на усните, па токму затоа не можете во кое било време да го отстраните и притоа сè уште да изгледате добро. Имајте го тоа на ум кога ќе размислувате како да ѝ пристапите на оваа девојка!
7. Таа секогаш го кажува она што е во нејзините мисли
Зошто оваа девојка би одбрала да привлекува толку внимание кон својата уста доколку не планира да ја користи? Девојката која не се плаши да ја потенцира својата уста со силна нијанса на црвен кармин со сигурност има многу нешта кои јасно сака да ги искаже преку зборови. Во свет каде што жените се брутално обесправени и постојано замолчувани, црвениот кармин на некој начин е славење за женскиот глас.
8. Таа ги преферира фините нешта во животот
Девојката со црвен кармин покажува висока софистицираност и богатство. Таа која е подготвена да ги носи потемните нијанси на црвената боја е девојка која знае како да ужива во сјајот на животот. Таа знае како да живее и е свесна за своите способности во секој момент. Девојката која постојано ја бои својата уста со црвно ги разбира концептите на исполнетиот живот.