8 причини поради кои неверните мажи остануваат со своите сопруги
Преку едно истражување во Америка било откриено дека 2,2% од луѓето во брак признале дека имаат повеќе од еден партнер во текот на една година. Во принцип, според истражувачите, меѓу 15-25% од Американците кои се во брак имаат афери, а анкетарите откриле и дека поголема е веројатноста да изневерат мажите отколку жените. Се поставува прашањето зошто сопрузите што изневеруваат не сакаат да се разведат?
Еве ги осумте причини зошто мажите што изневеруваат сепак остануваат во брак:
1. Домот сè уште е најдоброто место каде што тој сака да биде
Тој ве познава отсекогаш, готвите за него и се грижите за децата. Овој тип на маж се чувствува удобно во својот дом, но има афера затоа што сака да проба нешто ново, не мора причината да биде затоа што сака да го промени својот живот. Домот за сопругот како него е замок.
Тој не се ни прашува дали треба да си замине. Можеби е тоа така затоа што му се чини дека е тешко да управува со домаќинството без неговата сопруга. Можеби веќе нема љубов или страст во бракот, но има пријателство и почит. Тој само сака да остане во „зоната на удобност“ затоа што таму може да се одмори.
2. Нему му треба само пауза
Многу од овие мажи имаат добри односи со сопругата. Тие се дел од добро семејно опкружување и двајцата партнери имаат должности, но изневерувачите во овој случај не бараат поништување на бракот туку мала „пауза“ од него.
3. Мисли дека така ќе ја пронајде смислата на својот живот, но не успева во тоа
Има една приказна што се повторува. Таа е за сопругот кој ја изневерил својата сопруга. Да, тоа било катастрофално. Жената си ги преиспитала чувства и по некое време започна да се прашува зошто тоа се случило. Тој не сакал да го напушти семејството.
Одговорот бил едноставен. Тој не го сторил тоа затоа што му било лошо со жена му или затоа што има ужасна сопруга. Тој го сторил тоа затоа што бил незадоволен од себе.
Некои луѓе мислат дека ако изневерат, нешто ќе се промени и тие ќе станат посреќни, но тоа не се случува. Тие ги сакаат своите жени, но сепак, изневеруваат кога ќе наидат на проблеми.
4. Тој всушност ја сака жена си
Една жена ја споделила нејзината приказна за состанувањето со женет маж. Тој бил господин и семеен човек и никогаш не ја напуштил сопругата. Многумина од нас можеби прашуваат зошто тој се однесувал на овој начин.
Друг маж сигурно може да одговори на ова прашање. Тој бил во среќен брак повеќе од 20 години и имал деца. И да, тој многу ја сакал својата сопруга, но ја изневерувал повеќе од 15 години затоа што изневерувањето претставувало само фетиш за него. Тој, сепак, чувствувал вина поради таквите негови постапки.
5. Нема храброст да се ожени со друга жена
Тој можеби живее со својата сопруга веќе 10 години и е совршен сопруг и татко, но одеднаш ја среќава неговата „сродна душа“. Психотерапевтот Даглас Ла Биер ја нарекува оваа афера „ум-тело“. Ова ново чувство може да биде многу моќно и да ве обземе од глава до пети, според него. Понекогаш во вакви случаи, некои мажи претпочитаат да се разведат и повторно да стапат во брак, но други сè уште чувствуваат огромна поврзаност со сопругата.
6. Тој чувствува дека многу нешта го врзуваат за домот, како децата или хипотеката
Можеби веќе нема љубов меѓу сопружниците, но одговорностите сè уште постојат и може да бидат многу силна причина за останување во брак.
7. Не сака да поминува низ „пеколот“ наречен развод
Зборот „развод“ предизвикува милиони лоши чувства и асоцијации. Вклучува адвокати, меѓусебна борба, поделба на имот и преговарање за времето поминато со децата.
Некои мажи можеби претпочитаат да остават сè како што е, само за да не мора да поминат низ солзите, лутината и викањето што доаѓа со ова искуство. Дури и ако веќе немаат здрава врска, за овие мажи, едноставно е полесно да си најдат „забава“.
Покрај тоа, тој не сака да им предизвикува стрес на своите деца и жена му.
8. Сфатил дека не требало да има афера
Еден маж признал дека ја изневерил сопругата со нејзина блиска пријателка. Сфатил дека направил ужасна грешка и сега жали за тоа, па сака да знае што да прави и дали треба да ѝ каже на сопругата за неверството.
Се разбира, има многу поделени мислења за тоа дали треба да признае или не, но дури и ако сопругата дознае за тоа, тој не сака да се раздели со неа затоа што сè уште ја сака.
Можеби сакате да ги прочитате и 5-те лекции што можат да се научат само од неверството.