8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)

8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)

Ако забележите чудна промена во вашето однесување или пак, во однесувањето на блиска личност и се сомневате дека станува збор за анорексија, тогаш добро проучете ги овие знаци бидејќи од нивното препознавање може да значи и спасување нечиј живот…

8 предупредувачки знаци што укажуваат на анорексија (никогаш не ги игнорирајте!)

1. Губење тежина

Ова е можеби најочигледниот знак за анорексија. И покрај тоа што станува збор за ментална болест, анорексијата најлесно се препознава преку наглото губење тежина и гладувањето. Кога личноста со анорексија се гледа во огледало, таа гледа дебела личност, без разлика колку е слаба, па мора да продолжи да ги ограничува внесените калории за да преземе (фиктивна) контрола над себе и своето тело.

2. Претерано вежбање

Луѓето што страдаат од анорексија често имаат и рутина за вежбање што лесно може да премине во опсесија. Тие чувствуваат дека мора да вежбаат со часови за да ги согорат калориите што ги консумирале во текот на денот и потоа да продолжат уште малку повеќе. Тоа е константа битка помеѓу храната, вежбањето и сликата за телото, и оние што страдаат, не гледаат крај на повидок.

3. Нереална телесна слика

Уште еден клучен знак за анорексијата, како што веќе накратко спомнавме, е изобличената телесна слика. Оние што страдаат од анорексија во огледалото пред себе гледаат дебела личност, дури и кога личноста што им возвраќа на погледот едвај изгледа живо. Тие никогаш не се чувствуваат добро во својата кожа, без разлика колку се слаби и постојано си создаваат притисок да продолжат да вежбаат.

4. Опсесивно бројат внесени калории

Нема ништо лошо во броењето калории, ако го правите тоа со здрав ум. Но, може да стане проблем кога целиот живот ќе почне да ви се врти околу тоа. Кога нема да можете да консумирате ниту храна, ниту вода, бидејќи веќе сте ја достигнале замислената граница, а не поминало ни 12 часот попладне, не можете да негирате дека постои проблем.

5. Чести болки во градите

Болките во градите често се поврзуваат со анорексијата. Според една ревизија на податоци од пациенти, 87% од оние што страдаат од анорексија доживуваат болки во градите. Ова може да биде предизвикано од голем број фактори, вклучувајќи и откажување на срцето, аритмија, ГЕРД, анксиозност, абнормално срцебиење или други проблеми со кардиоваскуларните, гастроинтестиналните и пулмоналните системи. Причината најчесто се крие во ниското ниво на калиум, бидејќи токму тој е одговорен за одржување нормален ритам и баланс на електролитите.

6. Проблеми со дигестивниот систем

Кога го изгладнувате вашето тело и го држите настрана од хранливи материи на подолг рок, многу лесно може да се појават проблеми со дигестивниот систем. Токму затоа и оние што страдаат од анорексија почнуваат да доживуваат проблеми со дебелото црево, ГЕРД, потекување на стомакот, запек…

7. Губење на косата

Уште еден голем знак за анорексија е значителното губење на косата. Секој дел од телото има потреба од хранливи материи, вклучувајќи ја и косата, па нејзиното опаѓање е знак дека телото не ги добива сите елементи што му се потребни. Бидејќи косата не е есенцијална за нашето тело, таа е првата што се отфрла при потхранетоста во обид да се распредели тоа малку што се има до поважните системи.

8. Повлекување и изолација

Ова можеби не е директен знак за анорексија, но дефинитивно може да биде знак за опасност. Луѓето со нарушување на исхраната не сакаат да јадат во јавност, со цел да ги избегнат прашањата за нивните навики за јадење. Од друга страна пак, покрај анорексијата, многумина страдаат и од нарушување на анксиозноста и депресија, што се манифестираат преку повлекување и изолација. Тие исто така може да се кријат и поради недостаток на енергија. Во секој случај, ова однесување никогаш не смее да се игнорира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар