8 предупредувачки знаци дека вашето срце не работи како што треба
5. Екстремна и необична анксиозност
Неколку истражувања покажале дека луѓето кои страдаат од екстремна анксиозност порано во животот се посклони на срцеви заболувања. Анксиозноста може да биде предизвикана од стресен животен стил или разни нарушувања, како паника или фобии. Некои од ефектите на анксиозноста врз срцето се тахикардија, зголемен крвен притисок и забрзано чукање на срцето.
6. Губење свест
Вртоглавицата и губењето свест се многу чести кај луѓето што имаат проблеми со срцето. Кога срцето не ја пумпа крвта правилно, дотокот на крв е блокиран. Ако имате вртоглавици или често губите свест, веднаш посетете го вашиот лекар.
7. Бледа или сина нијанса на кожата
Овој симптом се појавува поретко и е предизвикан од намалениот доток на крв, намален број на црвени крвни клетки и може да биде знак дека срцето не ја пумпа крвта правилно. Најчесто причината за овој симптом е шок, а бледилото може да се појави на целото тело или само на еден дел. Сепак, немојте веднаш да паничите ако забележите дека сте побледи од вообичаено. Проверете дали страдате од шок или можеби анемија.
8. Осипи и необични дамки на кожата
Две одделни истражувања покажале дека егземата и херпес зостер се ризични фактори кај срцевите заболувања. Оние кои имале егзема имале 48% поголеми шанси да страдаат од висок крвен притисок и 29% поголеми шанси да имаат висок холестерол. Они кои имале херпес зостер имале 59% повеќе шанси да имаат инфаркт за разлика од луѓето без оваа болест.
Погледнете во кои случаи болката во левата рака значи проблеми со срцето.