8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден

8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден

Моќните личности се свесни за моќта на поставувањето и барањето одговори на овие 8 прашања. Токму затоа си ги поставуваат секој ден.

8 прашања кои моќните личности си ги поставуваат секој ден

1. Што сакам да постигнам денес?

Моќните луѓе не минуваат низ животот преживувајќи туку живеејќи. Не го гледаат денот како рутина составена од: стани, преживеј, врати се во кревет. Тие го користат секое утро да земат длабок здив, да се погледнат добро себеси и да постават цел за претстојниот ден. Тие знаат каде се движат, кон што целат, што сакаат да постигнат и знаат дека само со доволно силна желба можат да го остварат тоа.

2. Колку време ќе ми биде потребно за секоја задача?

Секој од нас има 24 часа на располагање дневно. Ни помалку ни повеќе. Разликата е како се користат тие 24 часа. Моќните личности знаат да постават приоритети и умешно да се справат со времето кое го имаат на располагање. Па така секое утро започнете го со мал, ментален распоред за денот кој е пред вас.

3. Дали акциите што ги преземам се во согласност со моите цели?

Нашите дела зборуваат погласно од секој збор. За секој чекор што ќе го преземете измерете колку истиот ви помогнал да бидете поблиску до целта. Времето кое го посветуваме на многу обврски и задачи е тешко да се менаџира, но главната мисла која треба да ја имаме на ум е: дали си го трошам времето залудно или чекорам кон нешто корисно и остварливо?

4. Кои се лошите навики кои можам да ги одбегнам?

Секој од нас има добри и лоши навики. Наместо да одрекувате дека имате одредени навики кои влијаат негативно на вас, признајте ги и потрудете се да ги одбегнете. Дали имате навика да ги одложувате важните чекори и тешките задачи и да си го трошите времето измислувајќи мали и неважни обврски? Речете да, тоа е мојата лоша навика, но денес ќе се потрудам да го направам сосема спротивното.

5. Од кои грешки можам да научам?

Секогаш може да научите од своите, како и од туѓите грешки. Кога ќе престанете да ги гледате грешките како фатални, и ќе почнете да гледате на нив како животни искуства и лекции, ќе ја стекнете моќта над нив и ќе знаете како да не ги повторите во иднина.

6. Дали сè уште сум на вистинскиот пат?

Патот е долг и попатно многу работи ќе ви го привлечат вниманието. Иако сте тргнале кон нешто, може да завршите движејќи се во сосема друга насока. Затоа најважно е да ја развиете техниката на добра проценка. Каде сте моментално? Дали сте скршнале од добриот пат? Кои работи е разумно да се променат? Секогаш чекорете храбро и напред, но некогаш застанете и едноставно испитајте ја ситуацијата во која се наоѓате.

7. Дали и колку сум способен/на да се жртвувам?

Моќните личности се свесни дека неретко во животот мора да се жртвуваат, да го одберат потешкиот пат и да ризикуваат бидејќи токму тоа се изборите на успешните. Никој никогаш со сигурност нема да ви каже дали вашето жртвување ќе се исплати, веројатно тоа едноставно сите го учиме во текот на животот.

8. Кои ризици сум подготвен/а да ги направам?

Животот многу често подразбира ризици, но бидете паметни кога ризикувате. Иако никогаш не можете да знаете со сигурност за резултатот кој ќе го добиете (затоа и се вика ризик), сепак може да процените дали одреден ризик е сосем нерационален или вреди да се обидете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар