8 пороци кои наспроти сите мислења помагаат при слабеењето

8 пороци кои наспроти сите мислења помагаат при слабеењето

Како што наближува летото, сите се обидуваме да ослабеме некое кило. Поздрава исхрана, повеќе физичка активност и ограничувања во секоја смисла на зборот. Сите овие нешта бараат голема жртва, посветеност и упорност и на сите ни се огромна мака.

(2)-8-poroci-koi-nasproti-site-mislenja-pomagaat-pri-slabeenje-kafepauza.mk

Сето ова ќе ни се удри од глава во истиот момент кога ќе престанеме да се придржуваме до нив. Се враќаме на старите навики и продолжуваме да јадеме сѐ што ни душа сака, наместо трчање, гледаме филмови и што ли уште не. Но факт е дека доколку сакате да живеете поздраво, не мора да се откажете ама баш од ништо бидејќи сѐ е дозволено во одредена мера и кога соодветно се комбинира. А што е со најголемите пороци? Е па наспроти сите уверувања, баш тие можат да ви помогнат во борбата со килограмите.

1. Напијте се чаша вино

Иако алкохолот во глобала е штетен за организмот, една чаша вино на ден е многу препорачлива. Во лушпата на грозјето се наоѓа, т.н. елагинска киселина која влијае на масните ткива така што го менува начинот на кој тие се однесуваат, а меѓу другото, го забрзува метаболизмот и го забавува создавањето на нови и растот на постоечки масни клетки. Друга корисна состојка во виното е ресвератролот, која ги спречува негативните ефекти врз организмот поврзани со недостатокот на физичка активност.

2. Не ја запоставувајте моќта на сексуалното лечење

Велат дека сексот е лек за сѐ и навистина е така. Поубаво, позадоволително, побрзо и далеку позабавно од која било друга физичка активност која ви паѓа на ум. А зошто лек? Бидејќи покрај огромното уживање и трошењето калории, сексот е и лек во борбата со килограмите. Тој поттикнува ослободување на хормони во организмот, наречени окситоцини, кои го минимизираат стресот и го намалуваат апетитот. Па колку почесто го практикувате, толку повеќе ќе слабеете.

(1)-8-poroci-koi-nasproti-site-mislenja-pomagaat-pri-slabeenje-kafepauza.mk

3. Не се откажувајте од маснотиите

Природните масни киселини не треба воопшто да ве плашат. Путерот, на пример, но оној природниот и без вештачки додатоци, може навистина да ви помогне да ослабете некој килограм. Путерната масна киселина е онаа која ја подобрува функцијата на митохондриите за кои може да се каже дека се „батерии“ на клетките и нè одржуваат млади, а конјугираната линолинска киселина (КЛА) ги топи масните наслаги во организмот.

4. Тестенините може да останат вашето омилено јадење

Иако чудно, сепак е вистина дека тестенините горат калории. Трикот е во тоа што пред да ги јадете, треба да ги оставите да се оладат во фрижидер. Намалената температура ќе ја смени природата на јаглехидратите во тип на отпорен скроб, па организмот ќе треба да работи понапорно за да ги свари. Ладните тестенини се најблиску до природниот скроб, каков што е во леќата, грашакот, гравот и овесот, кои минуваат непроменети низ тенкото црево и ве држат најадени подолго време. Ем ќе се чувствувате најадени подолго, ем ќе горите калории.

(3)-8-poroci-koi-nasproti-site-mislenja-pomagaat-pri-slabeenje-kafepauza.mk

5. Изневерете ја диетата

Едно неодамнешно истражување покажало дека луѓето кои јаделе обилен појадок и крајот го зачинувале со десерт, слабееле по 7 килограми за 16 недели. Од друга страна, оние кои јаделе слаб појадок, за истиот период ја накачувале својата тежина за дополнителни 11 килограми. Истражувачите коментирале дека тоа не е резултат на внесување на благо во организмот, туку на фактот дека, за момент, на луѓето им било дозволено да уживаат во својот омилен десерт. Повременото благо задоволство не е на одмет.

6. Наспијте се убаво

Добриот сон може да ве однесе далеку. Дури и да се придржувате на најстрогите диети, да вежбате и да применувате сѐ што ќе ви кажат за да ослабете, нема да ослабете ниту еден килограм доколку сте изморени и под стрес. Квалитетниот сон е многу важен за организмот, бидејќи во спротивно постојано ќе чувствувате замор кој ќе ве тера да јадете нездрава храна, особено навечер. Едно истражување направено на група студенти покажало дека оние кои спиеле еден час помалку од другите, конзумирале 200 калории повеќе на ден. Тоа се дури 200 грама неделно доколку неспиењето ви прејде во навика.

(4)-8-poroci-koi-nasproti-site-mislenja-pomagaat-pri-slabeenje-kafepauza.mk

7. Јадете повеќе чоколадо

Иако благото е строго непрепорачливо доколку сакате да ја намалите тежината, темното чоколадо всушност влијае позитивно во таа намера. Едно истражување спроведено во Сан Диего покажало дека луѓето кои редовно конзумираат еден ред темно чоколадо дневно се всушност послаби од оние кои го избегнуваат. Како? Добрите бактерии во стомакот го ферментираат какаото во антивоспалителни состојки кои ги „исклучуваат“ гените поврзани со дебелината. Па сѐ што треба да направите е да купите чоколадо со минимум 74% какао и да уживате во слаткото задоволство.

8. Сончевата енергија е она што ви треба

Уживајќи на сонце, всушност си правиме услуга. Под влијание на сончевата енергија, во телото се лачи витамин Д, т.н. сончев витамин, кој е многу тешко да се добие во задоволителни количини само преку исхраната. Во едно истражување, жените со прекумерна тежина кои со стоење на сонце го надоместувале недостатокот од овој витамин во организмот, изгубиле повеќе од 3 килограми за една година отколку оние кои го избегнувале. Свеж воздух, сонце и слабеење во исто време – уживање три во едно.

Enjoying the sun

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар