8 погрешни типови момци со кои ќе излегувате во 20-тите години од вашиот живот
За време на 20-тите години од вашиот живот мора да направите неколку грешки. 20-тите години од животот се наменети за правење грешки. Сепак, од нив можете и многу да научите за себе и за она што го сакате во животот. Затоа, патот до 30-тите години е поплочен со момчиња од кои секоја возрасна жена би се срамела. Да, да повеќе и од тоа кога откривте дека бабините гаќички не се носат со тесни пантолони.
1. Музичарот
Неговиот секси изглед веднаш ќе ве освои и затоа ќе останувате со саати на неговите проби. Тој ќе ве заведе со неговата способност за свирење, но сепак му недостасува моќ за заведување со зборови т.е. не може да зборува за ништо друго освен за себе и неговата неизбежна кариера како рок ѕвезда. Од него ќе научите неколку добри бендови, веројатно и ќе ве убеди да се тетовирате, а вие веднаш ќе зажалите за таквата одлука. Еден ден ќе му раскинете пред да почне неговата свирка и никогаш повеќе нема да се свртите наназад.
2. Потрчкото
За време на факултетските денови, асистентите се навистина важни и се премија за девојките, но после факултет, работите се менуваат. Овој тип момчиња сѐ уште мислат дека без нив светот не може да функционира, но вистината е дека тие се само преценети потрчковци. Не очекувајте да ве однесе на убава вечера – тој сите пари ќе ги потроши на неговиот имиџ – убава кола поради која ќе изгледа „важен“ и прескапа облека. Затоа што така се добиваат сите девојки.
3. Гребаторот
Нема да останете имуни на неговата смисла за хумор и на неговото „јас не се грижам за поседување материјални нешта“. Во текот на вашата врска, откако ќе платите за секоја капка бензин, јадење и излегување воопшто, ќе сфатите што сакал да каже. Една чудна ноќ додека сте со него, ќе сфатите дека седите на нечиј кауч кој воопшто не се ни знае чиј е и врската ќе цркне многу побрзо од неговиот телефон за кој сѐ уште не ја платил сметката.
4. Патолошкиот лажго
Со овој можеби и најгадно ќе се зафркнете, но тоа ќе го сфатите тек откако ќе раскинете. Ќе ви каже дека е болен, а ќе видите слики од него на забава истата вечер. Ќе ви каже дека раскинал со бившата, а во неговиот телефон врие од пораки преку кои флертуваат. Ќе ви каже дека ве сака и… сфаќате што сакаме да кажеме, а сега бегајте!
5. Филозофот
Постојат многу работи кои се попривлечни од маж со некаква супстанција меѓу ушите, но вие сепак ќе паднете на некој цитат од Ниче кој толку убаво ќе ви го протолкува. Набрзо ќе научите дека е напорно да слушате некого да зборува за истото одново и одново и дека не знае ништо друго. Веројатно после оваа врска ќе се свестите и ќе си најдете добро момче кое зборува за работи кои се навистина важни – пица на пример.
6. Веганот
Тој е сладок и се грижи за правата на животните. На почетокот ќе сакате да се омажите за него, но после третиот петок по ред, поминат во гледање документарци за правата на животните и јадење на некое чудно јадење на кое не можете да му го изговорите името, ќе се свестите. Кога ќе ве искара дека фрлате стакло во кантата за хартија, тогаш знаете дека е време и него да го „фрлите.“
7. Гневниот тип
На почетокот неговиот смирен карактер ќе ве наведе да влезете со него во кола и тогаш ќе го видите неговото вистинско лице. Ќе се прашувате дали е во ред да му викате некому само затоа што вози со брзина од 30 километри на час во тесна уличка. На крај, без разлика колку ова огнено топче е добро во кревет, ќе сфатите дека не можете да имате искра со распламтен оган.
8. Постариот маж
Тој е разведен и знае сѐ за вината и 80-тите. Кога сте со него ќе се чувствувате младо и слатко, но неговите проблеми со врзување и детското однесување ќе ве свестат дека заслужувате многу повеќе од него. Затоа, земајте сѐ што сте оставиле во неговата спортска кола и барајте момче на ваши години со кое ќе правите грешки.