8 „одвратни“ утрински процеси кои покажуваат дека сте здрави
Утрото, особено периодот откако ќе се разбудите, е ваше приватно време кога телото се враќа во рамнотежа по спиењето. Наутро во организмот се одвиваат разни процеси кои често можат да бидат непријатни, но според експертите некои од нив се знак дека вашето здравје е совршено.
„Во првите 30 минути од будењето телото се рестартира. Температурата и крвниот притисок растат, а хемикалиите и невроните во телото се прилагодуваат на промените. Можеби мислите дека некои од работите што се случуваат се одвратни, но тие се показател дека вашето здравје е добро“, изјавил доктор Дејвид Грунер.
Па, погледнете кои се 8-те одвратни утрински процеси кои ги имаат здравите луѓе.
1. Гурелки
Материјата што се лачи од очите во текот на спиењето може да биде малку непријатна. Но ако ви се појавуваат гурелки, тоа значи дека вашите очи самите се штитат дури и кога спиете.
„Материјата која се наоѓа околу вашите очи кога ќе се разбудите е комбинација од прашина, честички кожа и природен слуз. Кога сте будни овие честички се исплакнуваат со солзите, но кога спиете се таложат.“
2. Голема нужда
Оваа утринска рутина е навистина приватна и многумина мислат дека засилената работа на цревата е знак за грижа. Но, експертите го тврдат спротивното.
„Движењето на цревата наутро е непријатен знак дека телото функционира како што треба. Метаболизмот е регулиран, а дигестивниот систем здрав.“
3. Честички кожа
Немојте да паничите ако се разбудите со парчиња мртва кожа по целата перница. Вашата кожа се регенерира наутро за да се подготви за другите процеси.
„Наутро можно е да најдете кожа на вашата постелнина. Клетките на кожата постојано се регенерираат, а овој процес е забрзан навечер.“
4. Утрински здив
Лошиот утрински здив воопшто не треба да ве вознемирува бидејќи тоа е знак дека во вашата уста има здрава реакција по добар сон.
„Плунката која ги отстранува бактериите што предизвикуваат лош здив се намалува во текот на ноќта. Резултатот е сува уста и бактерии на забите и јазикот кои предизвикуваат лош здив.“
Сè додека правилно се грижите за вашите заби, нема потреба од загриженост.
5. Темна урина
Иако темната урина најчесто е знак за дехидратација, наутро покажува дека вашето тело функционира добро.
„Вашето тело лачи хормони додека спиете за да се одморат бубрезите. Ако наутро вашата урина е темна, тоа значи дека бубрезите се одмориле доволно додека сте спиеле.“
Се разбира, во текот на денот водете сметка колку вода пиете.
6. Испуштање гасови
Ова може да биде непријатно доколку не живеете сами, но и ова е знак за здрав организам.
„Испуштањето гасови наутро значи здрав дигестивен систем. Внесувате доволно овошје и зеленчук во текот на денот.“
7. Создавање слуз
Ако секое утро морате да го издувате носот или да го прочистите грлото тоа значи дека вашето тело може да произведе слуз која го штити телото во текот на ноќта.
„Создавањето слуз е знак дека телото се чисти од разни алергени од носот, синусите или грлото кои можат да предизвикаат воспаленија или алергии. Ова е потврда дека имате силен имунитет што може да ве штити.“
8. Подригнување
„Во текот на ноќта стомакот ја преработува целата преостаната храна, а ова може да резултира со таложење гасови. Па, кога ќе станете наутро нормално е да го исфрлите воздухот што се собрал во текот на ноќта.“
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во многу подобра форма отколку што мислите.