8 нешта што треба да ги земете предвид кога прв пат барате стан
Сте стигнале до фазата од животот кога треба да најдете ваш дом. По сите години поминати во студентски дом или во стан полн со цимери, конечно сте подготвени да продолжите понатаму. Сигурно одамна сте сонувале како ќе го уредите новиот апартман, но пред да стигнете дотаму, важно е да земете предвид некои работи додека го барате вашиот иден дом.
1. Локација
Локацијата е примарното нешто за коешто треба да размислите. Каде сакате да живеете? Дали работното место ќе ви биде далеку? Дали можеби сакате да живеете во странство? Штом ќе го имате одговорот на овие прашања, можете да обрнете внимание и на некои други детали – соседството, најблиската продавница и рекреативните нешта што ви се достапни во близина.
2. Распоред
Распоредот на вашиот стан е многу поважен отколку што мислите. Важно е да имате место за сите ваши работи. Важно е да знаете што барате и распоредот да одговара на вашите потреби. Пред да го направите договорот, не заборавајте да направите тура низ станот. Проверете колку место имате во гардероберот и кујната. Ако се сомневате, размислете за што би направиле компромис.
3. Кирија
Киријата е дел од реалниот свет, па важно е да обрнете внимание на вашата заштеда пред да оставите депозит. Сигурно ќе сакате да можете да штедите, а не заборавајте и на сметките за струја и вода. Можеби ќе сакате стан во центарот на градот, но ако киријата е превисока за вас подобро е да најдете нешто на друго место. Вистината е дека вашиот прв стан можеби нема да биде како од соништата, но тој ќе биде само ваш.
4. Цимери
Плаќањето кирија понекогаш бара цимери. Можете да најдете некое студио и да живеете сами, а можеби имате доволно пари за стан надвор од градот. Без разлика која е вашата ситуација, земете ги предвид и другите луѓе. Можеби имате неколку пријатели кои би сакале да живеат во резервната спална. Веќе сте поминале многу време со цимери, па знаете како изгледа тоа.
5. Домашни миленици
За жал, не сите дозволуваат да чувате домашни миленици. Па, ако чувате милениче не заборавајте да прашате и за него. Некои дозволуваат да чувате мали миленици, а треба да научите многу пред да го земете вашето прво милениче. Исто така важно е да најдете место што ќе ви биде удобно и на двајцата.
6. Ситуацијата на работното место
Поголемиот дел од денот ќе го поминувате во вашата канцеларија. Но, после напорниот ден сигурно ќе сакате да имате брз пристап до вашиот кревет. Кога барате стан добро разгледајте дали работното место е оддалечено и дали имате превоз дотаму. Дали има автобуси или дали можете да пешачите или да одите на работа со велосипед? Реално, не е најдобро да минувате часови заглавени во сообраќаен метеж. Ако работите од дома, осигурете се дека ќе имате посебно место за тоа.
7. Идниот сопственик
Пред да го одберете станот, не заборавајте да се запознаете со сопственикот. Важно е да ви се допадне бидејќи тој ќе биде личноста која ќе ви помага доколку се појави некој проблем. Како и секоја врска или пријателство, важно е да имате заеднички јазик со него. Потребно е оваа личност да се грижи за вас и за вашето место.
8. Други услуги
Да имате ваш стан е вистинско исполнување на сон. Но обрнете внимание и на другите услуги што доаѓаат пред да направите каков било договор. Понекогаш можете да најдете стан што нуди сè што ви е потребно. Некои места имаат централно греење, некои нудат нешто друго. Размислете што ви е најпотребно и направете го изборот според тоа.
Доколку најдовте помал стан, погледнете ги овие креативни решенија за заштеда на простор.