8 нешта што треба да ги очекувате од вашиот сексуален партнер
Постојат поделени мислења околу тоа дали сексот без обврски е во ред или не е. Вистината е дека сексот може да биде прекрасен или лош во зависност од тоа дали ви е пријатно покрај сексуалниот партнер и како тој се однесува со вас. Постојат нешта што секој човек ги заслужува без оглед дали станува збор за сериозна или отворена врска.
Експертите советуваат дека постојат две основни нешта што сите луѓе треба да ги очекуваат од сексуалниот чин. Едното од нив е сигурност. Сигурноста подразбира меѓусебна согласност, отворен разговор околу користењето заштита и разбирање во случај некој од партнерите да се премисли од кој било можен аспект.
Второто нешто што сите го заслужуваме е достоинство. Најпросто кажано, тоа значи дека вашиот сексуален партнер го сметате за човек со чувства, а не за предмет. Предметите немаат чувства и можете да ги искористите кога и да посакате, можете да ги фрлите и сосема да заборавите на нив. Постои голема разлика меѓу сексот за една вечер и непочитувањето на луѓето. Ако не знаете која е разликата, престанете со сексот, додека не сфатите за што се работи.
Ова се 8-те работи што треба да ги очекувате од вашиот сексуален партнер без разлика дали се работи за секс без обврски, пријатели со придобивки, сериозни партнери или сопружници…
1. Разбирање за видот на врската
Ваш избор е колку сакате да разговарате со вашиот сексуален партнер, но за да одбегнете какви било недоразбирања, најдобро е да го кажете вашиот став уште на почетокот. Многу е важно да одредите каква е вашата врска. Ако се чувствувате непријатно да разговарате на оваа тема, тоа е знак дека партнерот не ве почитува.
2. Не го игнорирајте вашето постоење надвор од спалната
Без разлика дали вашиот моментален сексуален партнер ви значи нешто, треба да се поздравите кога ќе се сретнете на улица, барем како познајници. Сигурно не би ја игнорирале личноста која штотуку сте ја запознале. Доколку се преправате дека не го познавате човекот со кого сте спиеле, тоа е знак дека се срамите од врската. Секој човек на светот заслужува едно просто „Здраво, како си?“.
3. Грижа за вашето здравје
Дури и да станува збор за секс за една вечер, треба да разговарате за полово преносливи болести и за несакана бременост. Заслужувате сексуален партнер кој ќе сака да ве заштити и ќе ве информира за полово преносливите болести што можеби ги има за да можете да донесете правилна одлука дали ќе спиете заедно или не.
4. Почит кон вашите граници
Вашиот партнер треба да се погрижи да ви биде пријатно во врска со сѐ што се случува меѓу вас, дури и да не постои љубов. Зборовите „Беше недоразбирање“ не се никакво оправдување. Ако сексуалните партнери не се сигурни дали сте согласни да направите нешто, треба да ве прашаат.
5. Интерес за вашите потреби
Сексот не е забавен доколку не се земат предвид потребите на двајцата партнери. Можеби зборовите „Те сакам“ и „Ми се допаѓаш“ не се дел од вашиот однос, но не би требало да ги заборавате речениците од типот „Ти се допаѓа ова?“ или „Што би сакал/а да пробаме сега?“. Најголемиот проблем на сексуалната култура е тоа што потребите на мажите и жените не се сметаат за подеднакво важни. Не заборавајте дека во спалната и двајцата сте рамноправни.
6. Навремено одговарање на пораките
Игнорирањето е некултурно без разлика за кој човек се работи. Враќањето на пораките одзема помалку од минута, а вашиот сексуален партнер сигурно заслужува да му посветите неколку секунди од вашето време.
7. Почитување на вашето време
Без разлика за каква врска станува збор, откажувањето планови, двосмисленото договарање, постојаното премислување и доцнење се неприфатливи. Ако сте решиле да одвоите дел од вашето напорно секојдневие за да бидете со вашиот сексуален партнер, тој би требало да се потруди да го не го троши вашето време залудно.
8. Мирен крај
Крајот на отворената врска не е исто што и раскинувањето, но бара исто толку почит и разбирање. Не заслужувате некој кој ќе ве остави во прашалници поради тоа што одеднаш престанал да ви одговара на пораките и повиците без никакво објаснување. Ставањето крај на односот не е воопшто забавно, но тоа е неминовен дел од секој вид врска.
Сите овие очекувања се сведуваат на едно нешто: „Бидете учтиви“. Вие го заслужувате тоа од вашиот сексуален партнер и од секој друг човек кој е дел од вашиот живот. Не правете го она што не сакате да ви го прават вам и најдете некој што ќе ве почитува.
Девојки, доколку набрзо ве очекува првата сексуална средба со вашиот партнер, прочитајте ги овие трикови кои ќе ви помогнат да изгледате најдобро што можете.