8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате

8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате

Некои луѓе сметаат дека е вистински благослов да размислувате премногу кога треба да решите некој проблем. Но претераното размислување може да има и негативно влијание на вашата благосостојба. Најлошото е што не сте ни свесни кога го правите тоа. Ова се знаците кои ќе ви докажат дека размислувате премногу, дури и ако не го мислите тоа.

8 нешта што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате

1. Наоѓате значење во сè

Некој не ви вратил на пораката веќе 6 часа, а вие не можете да престанете да се прашувате зошто. Некој случајно ве погледнал во очи во автобусот, а вие не престанувате да го анализирате тоа. Сте му дале критика на некој колега, и сега не можете да престанете да размислувате дали тоа бил најдобриот пристап. Па што всушност значи сето ова? Ова е знак дека размислувате премногу и сакате да најдете значење во сè. Навистина ви е тешко да ги оставите работите. Според вас секогаш има некоја скриена причина.

2. Размислувате повеќе отколку што делувате

Тешко ви е да се одлучите? Не можете да престанете да мислите на опциите пред вас? Најверојатно страдате од парализа при анализирање. Овој циклус може да трае толку долго што на крај не завршувате ништо. Најдобро е да одберете една опција и да се држите до неа. На почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето ќе се навикнете.

3. Се возбудувате кога ќе решите проблеми

Можеби сте мислеле дека на некој му се допаѓате веќе неколку недели. По некое време вашиот сомнеж се потврдува и вие сте навистина радосни. Или сте работеле на некој комплексен проблем и случајно сте се сетиле на решението. Ова се омилените моменти на луѓето кои претерано размислуваат.

4. Не можете да заборавите

Едноставно не можете да им дозволите на нештата да се одвиваат по својот тек. Секогаш барате причина. Толку упорно ја барате причината што не е опција да не успеете. Дури и ако некогаш помислите дека сте заборавиле на нешто, во тој момент циклусот повторно почнува.

5. Секогаш барате нови информации

Секогаш кога ќе слушнете за нешто ново, сакате да научите повеќе за тоа. Читате многу и навистина сте радосни кога ќе дознаете нешто ново. Информациите го хранат вашиот преактивен ум и секогаш сте љубопитни за тоа како функционира светот.

6. Не сакате безначајни разговори

Воопшто не ве интересира разговор за времето или за ручекот кога има толку интересни нешта за кои би размислувале. Не ве интересира како му поминал денот некому. Вие сакате да знаете зошто тој некој го прави она што го прави и која е неговата цел во животот. Овие длабоки разговори го задоволуваат вашиот ум.

7. Постојано ги анализирате луѓето

Луѓето се оние кои го прават животот интересен. Секогаш се прашувате каков е животот на некого и зошто се однесува на одреден начин. Јавните места ве фасцинираат, но истовремено и ве трошат.

8. Уживате во активности што ви го смируваат умот

Претераното размислување може да биде навистина заморно. Вежбање, пишување, прошетки, медитација се активности во кои уживате бидејќи конечно сте добиле мир од преактивниот ум. Кога размислувате премногу навистина ви е тешко да се релаксирате, а овие активности го насочуваат вашиот фокус кон нешто друго.

Дознајте и како да ги разберете и контролирате вашите токсични мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар