8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи конечно сте во стабилна врска
Факт е дека луѓето навистина се менуваат кога ќе се вљубат. Дали оваа промена ќе биде добра или лоша зависи од врската. Ако конечно сте го нашле вистинскиот и вашата врска е стабилна, ќе направите неколку позитивни промени во вашето однесување. Погледнете за кои станува збор.
1. Излегувате почесто
Кога вие и вашиот партнер целосно си верувате, ништо не ве спречува да излегувате со пријателите. Ако ништо друго, се охрабрувате да го правите тоа. Не постои страв ако едниот излезе на пијачка со пријателите, бидејќи знаете дека на крајот на денот повторно ќе бидете заедно.
2. Го оставате минатото во минатото
Кога сте со некој кој ве поддржува и ве прави подобра личност, немате потреба да гледате кон минатото. Сите луди врски и љубовни проблеми што сте ги имате повеќе не се важни. Не ви е грижа што прават поранешните партнери. Искрено, им посакувате сè најдобро и дури се надевате дека ќе пронајдат љубов како вашата.
3. Споделувате повеќе добрина
Вашиот партнер ве прави среќни и сакате да го споделите тоа со секого. Почесто правите мали гестови за вашите пријатели кои знаете дека ќе измамат насмевка на нивното лице. Им ја држите вратата отворена на странци, плаќате за нечие кафе… Сакате да разубавите нечиј ден како што партнерот го разубавува секој ваш.
4. Поинтимни сте со другите
Нездравите и несреќни врски можат да ви ја срушат самодовербата и да ве натераат да се чувствувате несакано. Но кога личноста што ја сакате ви дава самодоверба и ве тера да се сакате, конечно можете да се чувствувате удобно покрај другите. Одеднаш станувате личност која сака прегратки и која ужива во друштвото на другите бидејќи сакате да ја споделите вашата нова самодоверба со најблиските.
5. Излегувате од вашата удобна зона
Можеби никогаш не сте помислиле дека ќе одите на планирање, но конечно го направивте и тоа. Можеби ви било страв да аплицирате на работното место од соништата, но поддршката и охрабрувањето од партнерот ве натерале да го направите тоа.
6. Сакате рамнотежа во секој аспект од животот
Сакате да бидете сигурни дека вашето ментално здравје е во ред само затоа што сакате да бидете силни за партнерот. Одвојувате време за себе, за вашето семејство, за пријателите, за работата бидејќи вие сте најдобрата верзија од себе кога добро ќе си го организирате животот.
7. Почесто се смеете
Вие и вашиот партнер имате безброј приватни шеги. Можете со часови да се смеете за безначајни работи, а на другите да не им биде јасно зошто. Наскоро речиси сè ви станува смешно. Велат дека смеата е најдобриот лек, а смеењето со партнерот предизвикува уште повеќе смеа и со другите луѓе околу вас.
8. Сте пронашле мир
Едноставно кажано, вие сте среќни. Толку сте мирни што сè ви оди по план и сакате работите да останат така. Правите сè што е во ваша моќ за да избегнете непријатни ситуации и хаос.
Погледнете и кои се знаците кои покажуваат дека вашата врска е навистина стабилна.