8 нешта од кои стравувате и затоа се држите на дистанца од него

8 нешта од кои стравувате и поради нив се држите на дистанца од него

Љубовните врски знаат да бидат страшни – секој барем еднаш искусил болка од скршено срце и голем број од луѓето одлучуваат да се повлечат стравувајќи од тоа дека може да бидат повторно повредени. Ова е само една од причините зошто не дозволувате тој да ви се приближи. Погледнете кои се останатите.

0-8-neshta-od-koi-stravuvate-i-poradi-niv-se-drzhite-na-distanca-od-nego-kafepauza.mk

1. Страв од повредување

Болката и патењето од скршено срце не ви се непознати. За жал, кога еднаш ќе се изгорите од млеко, цел живот и на јогурт ќе дувате. Не го оставате да ве запознае затоа што се сомневате во неговите намери. Иако ни еден човек нема намера да повреди друго суштество, за жал тоа се случува и тоа ќе се случува и понатаму. Навикнете се на тоа.

2. Не сакате да ги види вашите маани

Не се врти сѐ околу него, дел од нештата се вртат и околу вас. Постојат одредени делови од вас што не сакате тој да ги види. Не станува збор само за физички маани – вашиот страв е многу подлабок од тоа. Се плашите дека тој ќе ги открие сите мали нешта кои сакате да ги промените кај себеси. Без разлика дали тоа е вашата претерана организираност или вашата срамежливост – вие не сакате тој да ја види оваа ваша страна, па затоа го бркате и не го оставате да ја запознае вистинската верзија од вас.

3. Не сакате да го исплашите

Искажувањето чувства отсекогаш било едно од најтешките и најстрашните нешта. Клучот е во комуникацијата, но искреноста за чувствата честопати може да доведе до страв и да го натера да избега од вас. Ако му кажете што чувствувате, тоа значи дека искрено ви е грижа за него, а во моментов не сте сигурни дека тој треба да го знае тоа. Овде не станува збор за криење на чувствата, туку за фактот дека се плашите како тој ќе реагира на нив. Не сакате да мисли дека прерано искажувате премногу чувства, па затоа го држите на одредена дистанца за да спречите да избега од вас, но додека го правите тоа, всушност вие бегате од него.

4. Мислите дека ќе ги влошите работите

Не можете да контролирате дали тој ќе ве повреди или не, но можете да се контролирате дали вие ќе го повредите. Себесаботажата е уште еден од симптомите на стравот од дозволувањето да ве запознае. Честопати намерно ги влошувате работите, а ако не намерно, тогаш се прашувате дали потсвесно го правите тоа. Не започнувајте да допишувате со бившите само затоа што знаете дека се заљубувате во него. Доволно е стресно да се грижите дали тој ќе ве повреди, не треба да се оптоварувате и со тоа дали и вие ќе го направите истото.

5. Последниот пат кога станавте блиски со некој, исходот не беше онаков каков што очекувавте

Вистината е дека ако некој ве повредил последниот пат кога некому сте му дозволиле да ве запознае, не мора да значи дека тоа повторно ќе се случи. Разбираме дека се плашите, но секој пат кога ќе ве нокаутираат и вие ќе станете, болката некако изгледа помала.

6. Дел од вас се плаши од промени

Сега ви е убаво, тогаш зошто да менувате нешто? Промената не секогаш е страшна. Не се плашете да го промените животот, затоа што тие промени можат да бидат на подобро.

7. Знаете дека е тешко да се опоравите од скршено срце

Полошо од кршење на срцето е процесот на заздравување кој следи потоа. Знаете дека е тешко да продолжите понатака и се прашувате дали тој веќе продолжил. Кога мислите дека сте спремни за да одите понатака, сѐ уште си ги гледате раните и лузните од претходната врска и тоа ве потсетува да не се зближувате. Како може да се грижите за заздравување ако тој не е ни доволно блиску за да ве повреди?

8. Не сакате среќата да ви зависи од некој друг

Ви се допаѓа чувството на независност и кога сфаќате дека вашата среќа почнува да зависи од него, едноставно решавате да се тргнете настрана. Мислите дека тој ги контролира вашите емоции, но тој само ги надополнува. Сте почувствувале среќа без него знаејќи дека можете да функционирате и без тој да биде во вашиот живот. Ако му дозволите да ви се приближи не му давате контрола врз вашиот живот, туку можност да ги споделите сите радости и таги кои се дел од вашето секојдневие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар