8 нешта кои најверојатно не сте ги знаеле за синдромот на токсичен шок
5. Покрај производите за интимна нега, што друго може да предизвика токсичен шок?
Мажите најчесто добиваат токсичен шок од исеченици и отворени рани. Бактериите влегуваат во телото преку раната и остануваат заробени внатре.
6. Како влијае употребата на протеза?
Друга причина за појава на токсичен шок е насобирањето токсини кај протезите. Како што се зголемил бројот на корисници на овие направи, така се зголемил и бројот на луѓе со токсичен шок.
7. Токсичен шок по операција?
И хируршките зафати може да предизвикаат синдром на токсичен шок. Но тие ретко предизвикуваат компликации бидејќи се забележуваат и се третираат веднаш.
8. Како да разликувате симптоми на токсичен шок од симптоми на грип?
Синдромот на токсичен шок се појавува одеднаш, за разлика од грипот чии симптоми полека се влошуваат. Колку долго ќе трае, зависи од случајот. Најчестите симптоми се треска, болки во мускулите, вртоглавица, повраќање и дијареја.
Кога да посетите доктор?
Ако сте загрижени дека вие, или некој кој го знаете страда од синдром на токсичен шок, потребно е веднаш да побарате стручна помош.